Хамилтон возеше со доминантен болид, понови, помеки гуми, кои не требаше да му траат до крајот на трката, како на останатите позади него (Фетел, Рикардо, Алонсо...).
Баш затоа што беше со помеките гуми и мораше уште еднаш да влезе во бокс, единствената стратегија му беше да нагази, да ја искористи брзината на гумите до крај, за одкако ќе влезе во бокс да има што помалку возачи за претекнување.
Одлично го изведе планираното и си направи доволна предност за да не влезе во голема гужва.
Останатите беа со спротивна стратегија, вози колку е можно понежно, сочувај ги гумите го крај, да не отпаднеш во последниот круг како Ботас.
