Официјалниот календар за 2014та.

Исфрлени се Кореа и Индија, одложени се Мексико и Њу Џерзи, најверојатно за 2015та, кога е можно да се врати и трката во Индија. Додадени се трките во Австрија и Русија. Трката во Абу Даби е поставена за последна, најверојатно затоа што ќе има тестирање на истата по крајот на сезоната, па да не се селат два пати. Во Германија ќе се вози на Хокенхајм.