Сите беа изгубени. Хамилтон си се врати во бокс на пример, не го доврши кругот. Мислам дека никој не го очекуваше тоа што се случи. Кругот го завршија само оние што немаа што да загубат.
Во првото излегување третиот сектор беше најмокар, а со тоа и најбавен. Во второво излегување првите два сектора беа полоши, но никој не процени дека третиот сега е сув, си ги видоа очајните времиња од првите два сектори и си се вратија во бокс.
Прво мислев дека е некоја грешка кога го видов Фетел на прво место. Како успеа, кога доцнеше 2.7 секунди на крајот од вториот сектор.