Автор Тема: Звук по промена на ребраст каиш  (Прочитано 3567 пати)

Отсутен Dr-Koljo

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 36
Звук по промена на ребраст каиш
« на: 24 Ноември 2013, 13:55:25 pm »
Вчера направив промена на ребраст каиш, затегач, ролер, филтри, уље, антифриз. Работите ги извршив сам (не сум лаик) и сигурен сум дека не е изместен ниту еден од реперите. Звукот го нема кога работи во лер туку се појавува на 1200-1400 вртежи и при одземање на гас. Инаку се работи за звук сличен на тропкање на вентили. Читајќи по странските форуми наидов на мислења дека се јавувал и во други случаи при промена на ребраст каиш и најчест одговор на сервисерите бил дека е нормално истото, а во други случаи дека затегачот е  премногу затегнат. Инаку се работи за Пасат 1.9ТДИ 110кс.
Ваши искуства и мислења?

Отсутен VLATKO Џентлменот

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6214
Одг: Звук по промена на ребраст каиш
« Одговори #1 на: 24 Ноември 2013, 16:12:30 pm »
можно е од презатегнат кајш да се оптерети затегачот,и да се слуша тропкање кај лагерчињата на истиот,оди во некој локален сервис нека ти го стегнат по пропис


Отсутен nikola_bb

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4970
Одг: Звук по промена на ребраст каиш
« Одговори #2 на: 24 Ноември 2013, 16:54:00 pm »
сакаш да ми кажеш дека кај нас некој користи инструмент за мерење на затегнатост? Прашувам зошто не сум сретнал мајстор да го има

Отсутен skorpion

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2215
  • Burn the tires, not your soul!!!
Одг: Звук по промена на ребраст каиш
« Одговори #3 на: 24 Ноември 2013, 17:11:26 pm »
И јас мислам дека е од престегнат каиш, провери си, или дали добро е поставен затегачот ;)
Jedno upozorenje!
Kad prelazite ulicu, uvek gledajte u automobile a ne u semafor!
Semafori retko kad udare čoveka.

Отсутен Bugar

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5710
  • Почесен кинез.
Одг: Звук по промена на ребраст каиш
« Одговори #4 на: 24 Ноември 2013, 17:13:12 pm »
procedurata za promena na rebrast kais e detalno opisana vo servisnite knigi na proizveduvacite na vozila. Problemot e sto 90% garaznite majstori mislat deka novite koli imaat ista procedura na smena na rebrast kais kako kaj 101 golf 1/2 ili Yugo

Отсутен Dr-Koljo

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 36
Одг: Звук по промена на ребраст каиш
« Одговори #5 на: 24 Ноември 2013, 18:01:26 pm »
Токму по таквото сервисно упатство е и извршена промената :) Следено е упатството чекор по чекор, и најинтересното е што уствари и описот за затегачот е направен прописно, затегнат е точно како што е напишано во процедурата за поставувањето. Утре ќе ја ставам на канал и ќе проверам уште еднаш. Малку е збунувачки што звукот е како ѕвонење на лабаво метално делче кое вибрира, а и го нема кога колата работи во лер т.е без оптеретување. Можеби сепак звукот е од друго место :)

Отсутен stig

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 933
Одг: Звук по промена на ребраст каиш
« Одговори #6 на: 24 Ноември 2013, 18:02:18 pm »
Имаш репер на затегачот колку да го затегнуваш ако си го направил според упатството тогаш не гледам проблем во затегнатоста на каишот, брегастата е на конус ако си го разлабавил може да ти има мрднато таму некој милиметар.

Отсутен VLATKO Џентлменот

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6214
Одг: Звук по промена на ребраст каиш
« Одговори #7 на: 24 Ноември 2013, 19:40:03 pm »
можно е звукот да доаѓа од шајбната на алтернаторот,се има дешавано та да се заебе и да вади звук