Најдобра е варијантата на фабричките сензори, тие идеално се наместени. Тие се елегантни зошто немаат подлошка која штрчи надвор од браникот. Јас имав такви на претходната кола, и функционираа ама и тие знаеа да заглупават на дожд понекогаш.
За овие со фолија, фиксирањето на истата е со прилично јак лепак, но не е лошо за секоја евентуалија да се фиксира и дополнително ( Гафер трака, или пиштол со пластика ), мада и немам искуство дека некоја досеа се одлепила, а и дека овој сензор правел проблем.
Не верувам и дека енглезите се глупави што ги ставаат овие сензори.
Проблемот на неставањето кај нас произлегува во сервисерите што ги монтираат. Ги преферираат тие што повеќе ке заработат од нив. Сензорите со фолии малку доаѓаат кај нас, па затоа и цената нивна е повисока. Со тоа набавната цена на сервисерите им е повисока, и спремни се да ги монтираат сензорите со бушење, повеќе од овие со фолија, за можеби и смешна разлика во набавната цена од 200-300 денари. Ги заболе нив за вашиот браник.
Инаку сведок сум бил на монтажа на сензори со бушење, кај кои корисникот се враќал неколку пати, па и целиот сет е менуван, поради проблеми. Кинески се и едните и другите, па каков ти је ксметот. Од моето досегашно искуство со ете мал број продадени, барем засеа никој не се вратил.