Најдобра е варијантата на фабричките сензори, тие идеално се наместени. Тие се елегантни зошто немаат подлошка која штрчи надвор од браникот. Јас имав такви на претходната кола, и функционираа ама и тие знаеа да заглупават на дожд понекогаш.
За овие со фолија, фиксирањето на истата е со прилично јак лепак, но не е лошо за секоја евентуалија да се фиксира и дополнително ( Гафер трака, или пиштол со пластика ), мада и немам искуство дека некоја досеа се одлепила, а и дека овој сензор правел проблем.
Не верувам и дека енглезите се глупави што ги ставаат овие сензори.
Проблемот на неставањето кај нас произлегува во сервисерите што ги монтираат. Ги преферираат тие што повеќе ке заработат од нив. Сензорите со фолии малку доаѓаат кај нас, па затоа и цената нивна е повисока. Со тоа набавната цена на сервисерите им е повисока, и спремни се да ги монтираат сензорите со бушење, повеќе од овие со фолија, за можеби и смешна разлика во набавната цена од 200-300 денари. Ги заболе нив за вашиот браник.
Инаку сведок сум бил на монтажа на сензори со бушење, кај кои корисникот се враќал неколку пати, па и целиот сет е менуван, поради проблеми. Кинески се и едните и другите, па каков ти је ксметот. Од моето досегашно искуство со ете мал број продадени, барем засеа никој не се вратил.
Јас земав од кај вас..... фино лепо го наместив и фино лепо го извадив едносавно не функционираше, а ептен се намачив.
Него NUME ти продаваше паркинг сензори..... имаш ли сребрени и ако имаш која цена?
Ете прв со рекламација. Од 42 ца.
Може ли подетално, како тоа не работеше ?
Фолијата се лепи во внатрешноста на браникот и тоа на најиспакнатиот дел спрема надвор. Фолијата не смее да почне да влегува во кривината од браникот, односно се лепи само на правиот дел. Обично на поновите коли се гледаат места каде што се ставаат фабричките сензори, и се следи таа црта на лепење на фолијата. Фолијата не смее да го премаши најлевото и најдесното маркирање ( за фабричките сензори ) на браникот.
Нуме,
Мене сензорите не ми се бизнис, туку донесов минимална можна количина од 50 парчиња за моите возила, и возилата за пријателите прво. Едвај се убедив со кинезот за толку малку. Со оглед дека се ужасно евтини на големо ( за твоја информација 12 УСД/парче ) цената повеќе ја крева транспортот и секако фиксните увозни трошоци кај нас. ( Сензорите со бушење беа 11 УСД ама за минимална количина од 100 комада )
Тогаш кога јас ги донесов, никако не можев да најдам во Скопје вакви сензори, сите монтери и фирми идеа како терминатори со бормашини и убедуваа дека овие се тие, па уште и ке ти ги офарбаме у боја на колата. Циркус!
Мојата намера не е да ги продадам сензорите воопшто, иако ладно се продадоа ( дел се вградија во возилата на мои колеги и нивни блиски ) од проста причина што има луѓе што не сакаат да ја скрнават ( особено понова кола ) со бушење.
Истите сензори се продаваат во повеќе земји, сигурно имаат инцидентни проблеми ( како што впрочем имаат и оние со бушење ) и секако може да има и грешки во монтажа.
Истата самолеплива фолија се продава во котур кај нас, и ако направиш грешка во лепењето, доволно е да ставиш нова и почнеш од почеток. Или ако го селиш сензорот на друга кола. Секако вреди поради крајниот ефект, односно небушењето а функционирањето исто како и овие другите.
Зарем сакаш да кажеш дека овие со бушење немале никад проблем ?
Дали ке се продатат или не останатите, ич не ми чуе, првичната замисла за која се донесени е супер остварена. Ќарот е никаков, ама меракот на задоволни лица кои не ја оскрнавиле колата, ми е најголема сатисфакција.