Се договоривме со газдата утре во Скопје да го видат во Колевски голфот, да направат целосна дијагностика, и ако се е во ред, да му ги дадам паричките...
Од она што ми го кажа татко ми, тој комуницира, се работи за некој момак кој има фабрика, татко ми му царинил некоја роба претходно, у меѓувреме овој си купил нов CDI 230, и не го сака голфот како втора кола... тоа за замена и не е баш примарна опција, рече сака кеш ...
Иначе, 100% огласов е премиерен, тоа дека е одамна не држи вода оти секој ден ги надгледувам сите VW објавени возила(пазар3 реклама5, автоогласи), барам/в Тигуан, така да огласов го немам видено претходно ...
Имаше црн скопски Едишн 30 лани во Ноември, му бараше 23 000 Е, и има еден бел во Битола, за 28 000 Е ...
Знам, не сум нормален со огласиве хехе ...