Решив да го споделам моето искуство со некои од производите на мафра. Слики ќе ставам од итернет за да не се зезам со префрлање од телефон. Па да почнам, на нет по странски форуми за detailing дознав за мафра како бренд и решив тука да ги побарам производите и за среќа ги има

. Од мафра набавив 3 производа:
1. Пулимакс, средство кое се користи за чистење на текстил, пластика, винил и мислам дека и буквално на се што ќе помислите може да го користите. Ова се викам затоа што низ дома на се што ми текна прснав да пробам

. Јас си набавив тубичка од 4,5л и средството се раствора во однос 1:10 до 1:20 зависно колку валкано ќе чистите. Еве и како изгледа

Го пробав во однос 1:15, пробав на текстилот во кола и заклучив дека претходното чистење со вениш добро ја завршило работата односно седиштата се чисти. Решив да го пробам на гарнитурата дома и со тоа заклучив дека стварно чисти текстилче. Потоа пробав на сите пластики во кола кои претходно беа третирани со млеко од Арексон, можев да видам средствово како буквално работи и чисти се што имало нанесено. После чистењето има ок мирис, муабетот ми е не е како некои средства да копа на хемикалија.
Воедно јас сум задоволен од чудово како си ја врши работата а има и добра цена околу 1100-1200 денари а од тоа може да растворите до 90л раствор.
2. Diamant plast four за него прочитав на интернет и го фалеа дека може буквално на се да се нанесе, на каросерија, на пластики, на бандажи на моторот. Од ова чудо купив паковање од 1000мл за да го испробам и цената ми одговараше мислам дека беше околу 400денари. Се на се задоволен сум од чудово, дава некој како што пишува на него свилен ефект. Незнам како би го нарекол јас ефектот но до сега од се што сум ставил не сум имал ваков ефект. Нема некој сјај да блешти пластиката него бувкално е некако незнам како да опишам ко нежно обновена треба да се види пошто незнам јас да опишам хаха. И интересно се друго што сум користел иако пишувало антистатик после 2 дена имало прашина на ова после недела дена минимално има. А во Скопје знаете колку прашиниште се лепи одма.

3. И на крај земав едно шампонче со восок за кое наслушнав дека е на ниво на Mequairs но цената е доста подобра, а жал го немам пробано за да коментирам.

Дечкото од кој ги набавив беше супер за комуникација дури го измалтретирав во сабота да ги земам средствава. Ми објасни се околу нив употреба чуда и ми покажа уште една интересна ствар која за жал уште ја немаат донесено

Чудово е многу интересно, јес да може малце ко за девојчиња е ама е многу добар ароматизер. Баш она малце мириса тамански не замирисува многу ко другиве глупости. До сеа нешто вака што мириса да не речам подзамирисува таман не сум сретнал кај нас мада сум користел од поевтини вакви чуда. Тоа е во кратки црти ако има некој прашање нека праша а мафра ги имате и како членови тука така да може да ги контактирате за производите. Се надевам во иднина ќе може да ги набавуваме дал во нивна или по другиве продавници небитно ама да бидат подостапни