Да се надоврзам на претходниот пост за Партение Зографски (често ја возам).
Ако ја направеа еднонасочна но во спротивен правец, од кај Баба Цана ќе мораше да се врти десно наместо како досега да се сече Водњанска.
Подоле, кај Кочо Рацин полукружниот да се направи кружен тек и да може да си свртат лево за да излезеш на Питу Гули и понатаму.
Тие од Питу Гули би смееле само право по Партение за да излезат на Водњанска наместо да мора да вртат лево и кај Кочо Рацин да излезат на Водњанска.
Тие пак што сега ја користат Питу Гули за кон Државна ќе си фатат друга рута подоле по Васил Ѓоргов.
У ствари, цела егзибиција е направена поради колите паркирани пола на тротоар, пола на улица, наместо во двор, а има голем проток на возила.
Ако не се лажам, баш имам гледано и на зоните од ПОЦ, мислам дека баш на Партениј Зографски завршуваат сите паркинзи (и резидентални и зонски) па затоа тоа сите тука ги оставаат.
Признавам и јас некогаш, бидејќи едноставно немам каде да ја оставам ако треба преку ноќ да бидам паркиран. Единствено доле кај MFC, на Елисие Поповски, но е 60 ден/час, а се останато е резидентално, со налепница.
И сеа уствари од Водњанска можеш десно да се исклучиш на Партениј, ама потоа мора да идеш доле на островчето кај што вртат автобусите?