Автор Тема: Најекономичен бензинец и најевтин дизел  (Прочитано 32976 пати)

Отсутен proff

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1441
  • no comment at the moment
Најекономичен бензинец и најевтин дизел
« на: 18 Јануари 2011, 10:07:18 am »
Кои се вашите мислења за семеен автомобил во класа на големина како на пример голф или астра г кој имајќи ги во предвид цените на горивата воедно би бил најекономичен бензинец или најевтин дизел. Значи кој би бил најдобриот предлог за претежно градско возило со услови како во насловот на темата?
Иста грешка неможиш да повториш два пати. Вториот пат тоа не е грешка туку твој избор!

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34097
  • Таков е животот... јебига
Одг: Најекономичен бензинец и најевтин дизел
« Одговори #1 на: 18 Јануари 2011, 10:33:47 am »
Од информациите со кои јас располагам би можел да го кажам следново:

Бензинец:
1. Во класата на Астра и Голф (+- ситно) најмала литража што можеш да најдеш е 1.4 или евентуално 1.2. Кај возилата со таа маса и тие мотори во град потрошувачката на бензин 95 сигурно ќе биде над 7л на 100км (за 1.4л 8,0-8,5л) додека со домаќинско возење (до 100км/ч) на отворено може да се извади 5,5-6л.
2. Мислам дека сите бензинци ќе ја извадат истата потрошувачка. Тие цифри денес се стандард и освен Лада 110 сите други би требало да ја извадат таа економија. Ствар на вкус.
3. Од поквалитетните возила според мене: Голф 1,2 ТСИ, Астра Класик 1,4, Пежо 207 1,2. Хундаи и20 1,2. КИА Сид 1,4 (со мотор од тојота). Да не заборавам Шкода октавија 1,4.

Дизел:
1. Моментално Рено и Ситроен изгледаат како најевтини а докажани дизели од 1,4л. Немам информација дали и Пежо ја води истата ценовна политика.
2. Споменатите во град нема да надминат 7л на 100 км а на отворено нема да надминат 5,5.
3. Дизелите на Опел не знам дали се поправија со Астра Класик и Корса. Старите мотори беа катастрофа (и атка не беа од Опел). Јас не би земал такво нешто.

Во таа класа не ги испуштив другите брендови како Форд, Тојота, Мазда, Фијат, Мицу, Хонда ама споменатите се сосем конкурентни а водат најагресивни ценовни политики.

Со оглед на тоа како тргнале цениве на горивата, јас би земал бензинец и тоа по можност со фабрички вграден плин (Опел и Шкода). Ако се мора без ова, тогаш дефинитивно во блиска иднина ќе мора да се размислува за плин.
Ако се вози многу особено на отворено, би одел со Цитроен Ц3/ц4, Рено Клио 1,5 ДИЗЕЛ. Евтини се возилата, а на дизелот маста ќе му се извади.
« Последно менување: 18 Јануари 2011, 10:39:14 am Falanga »

Отсутен zOkO

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 76
  • брм брм
Одг: Најекономичен бензинец и најевтин дизел
« Одговори #2 на: 18 Јануари 2011, 11:16:49 am »

Со оглед на тоа како тргнале цениве на горивата, јас би земал бензинец и тоа по можност со фабрички вграден плин (Опел и Шкода). Ако се мора без ова, тогаш дефинитивно во блиска иднина ќе мора да се размислува за плин.

Ја колку што знам на овде им уградуваат плин. Могуче да грешам. Ако знаеш за сигурно дај некои детали ме интересира шо како
I don't discriminate, I hate

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34097
  • Таков е животот... јебига
Одг: Најекономичен бензинец и најевтин дизел
« Одговори #3 на: 18 Јануари 2011, 11:28:33 am »

Со оглед на тоа како тргнале цениве на горивата, јас би земал бензинец и тоа по можност со фабрички вграден плин (Опел и Шкода). Ако се мора без ова, тогаш дефинитивно во блиска иднина ќе мора да се размислува за плин.

Ја колку што знам на овде им уградуваат плин. Могуче да грешам. Ако знаеш за сигурно дај некои детали ме интересира шо како

Ај ке ти обезбедам информација до вечер. Кога ја купував службената Астра, во Олимпија моторс спомнаа дека може да се порача со вграден уред за да не вадам атест. А за наше такси пред 3 години кога ги зимавме Октавиите, ги земавме со вградени уреди. Последната пратка октавии од пред година дена исто така беа со вграден уред од фабрика.

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54991
  • Махер
Одг: Најекономичен бензинец и најевтин дизел
« Одговори #4 на: 18 Јануари 2011, 11:52:02 am »
Стандардна опрема во Голф ти е:
- ABS EBD BA ASR
-automatska digitalna dvozonska klima (retko koj go nudi vo taa klasa)
-7 Airbag
-Kozen volan
-El. na site stakla i retrovizori so greaci
-CD mp3 so 8 zvucnici
-bord
-farovi za magla
-5 vrati
-metalik
Е сега Голф 6 со 1.2 ТСи 85 и оваа опрема ти е 14.500. Ако сакаш и бандажи можеш да се ценкаш за гратис ама стандард е 14.900. Со 1.4 ТСи и стандардна опрема ти е 15.500, а тој сосе бандажи ти е 15.900. Тоа е убедливо најбоље од моја гледна точка, и чини 15.900.
Дизелот 1.6 ТДи се движи околу 17.500 со стандардна опрема, 17.900 со бандажи. За овој не сум 100% сигурен ама тука некаде е. Е сега разликата е 2000 евра, ама дизелот ќе си ја држи вредноста подолго, значи ќе се продаде 1000 повеќе на старо, и плус е поекономичен. Е сега дали ти одговара тоа е друга работа.
Потрошувачката на 1.2 ТСи е во рамките е на 8 литри во град, на 1.4 ТСи е 7, а на ТДи е 6. Може да се качи за пола литро во услови на гужви, ама 7,5 литри е фантастично за толку масивно моќен и ефтин бензинец.
На отворено со новите менувачи 120 се врти моторот со 2100-2200 вртежи, да неречам спие. Потрошувачката би се смалила за 1-1.5 литра од таа во град.
Оди повози го Голфот па ќе одлучиш.

Астрата е тешка ако сакаш економија. Фокусот 1.6 ТДЦи има одлична цена во МИДА, а и одлична потрошувачка, па можеш да го ѕиррнеш. Мислам дека е 15.000 или така нешто. Цитроен ХДИ е многу ефтин сега и многу убава кола, ама јас тоа не би. Меганот дЦи е солидно, ама со цена е напукан 17.500, не вреди. Ама па затоа имаат турбо бензинец на Меган што е 16.000 мислам, што споредено со Голфот е многу скапо.

П.С. Исклучиво турбо мотори. Никако атмосферци.
« Последно менување: 18 Јануари 2011, 11:57:02 am Deni »

Отсутен proff

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1441
  • no comment at the moment
Одг: Најекономичен бензинец и најевтин дизел
« Одговори #5 на: 18 Јануари 2011, 12:56:10 pm »
Мислам дека од некого не сум баш правилно разбран. Прашањето ми беше кое е препорачано најекономично возило на бензин од класа на голф или астра како големина на кола не како марка како и најевтин дизел по цена на ново возило. Значи можи да биде предложено возило од било која марка но воедно да има најдобар однос цена/економичност. Веќе за возила над 15000Е не треба да си многу паметен да одбериш што да купиш. Во таа класа малку можиш да згрешиш. Од она што и јас гледав тука се i20 на хундаи како и киа рио но, само до 1200ccm и некои 70-80КС. Овие возила се воедно и со најприфатлива цена. Порано имав хундаи акцент 1.3 и бев презадоволен. Го продадов после 10 год користење без никаков сервис но, со само 82000КМ. Толку во просек возев. Затоа и барам мислење за економично и не скапо возило за претежно градска вожња.
Инаку мој пријател купи нова астра со вграден плински систем во новус пред неколку години. Значи може да се купи возило со вграден плински систем...
Иста грешка неможиш да повториш два пати. Вториот пат тоа не е грешка туку твој избор!

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54991
  • Махер
Одг: Најекономичен бензинец и најевтин дизел
« Одговори #6 на: 18 Јануари 2011, 13:20:00 pm »
Аха епа кажи до колку пари, дека спомна Астра и Голф. Иако 14.500 ти личи многу за ТСи голф!? Ок.
Шкодата Фабиа доаѓа со ТСи мотор и е во рамките на 12.000-13.000 евра зависно од договор. Повеќе од солидна изработка со одлична механизација и одличен мотор. Рачунај полесна од Голф па би требало да не качи над 7-7.5 литри во град сосе гужви. Бонбонче е за возење.
Ја имаш и Астра 3, со 1.3 ЦДТи дизелот за 12.000 евра, и тоа е ок. Фокусот 1.6 треба да е тука некаде во цена со бензински мотор, тоа е исто супер. Меганот 1.6 ти е 12.000.
Јас би одел по тој редослед. За тие пари тоа...

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34097
  • Таков е животот... јебига
Одг: Најекономичен бензинец и најевтин дизел
« Одговори #7 на: 18 Јануари 2011, 13:22:17 pm »
Значи за Опел и Шкода гарантирам со глава дека можеш да купиш со фабрички плински уред.
Шкода октавија со плин мислам дека е диалбрејкер. Кога би имал 11.000 евра би земал таква. А Хундаи и20 чини 10.200 со 1,2 и фул опрема. Тоа не ти е лоша идеја. Се имам возено во такво и ми остави добар впечаток што брзините му се малку подолги од стандардното за таа зафатнина. 3000 вртежи со втора=45км/ч, со трета 65, со 4-та 90, со 5-та 110.

А за тоа кој е најекономичен е многу релативна работа. Разликите се ептен минимални. Познатите цифри за потрошувачка се моментален стандард во индустријата и мислам дека сите се движат во тоа поле +-5-10%.


Отсутен marjanot

  • Следен од Hammond на Инстаграм.
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10967
  • 430i
Одг: Најекономичен бензинец и најевтин дизел
« Одговори #8 на: 18 Јануари 2011, 22:31:17 pm »
Вака, не сакам да бидам сватен пристрасно, ама сум, :) 3-та генерација Сеат ми е.
За истата цена кога бирав меѓу Голф и Леон за истиот 1.4TSI мотор, добив плус: паркинг сензори, хил холдер, ESP, 17’ бандажи, темпомат, УСБ, патосници оригинал Сеат.
Леонот зимово, градска, со зимски гуми, над 8,5 нема потрошено, просек на резервоар ми е 8,2. На отворено 6-6,2.
Зошто го пишам ова, има добра понуда за 1.2TSI кој е поекономичен, а перформансите за грото градска употреба му се и те како добри.

За дизел, мислам дека во моментов кога би бирал би се одлучил за Меган 1.5dci 105ks. Мислам дека нуди добар однос цена/перформанси/економичност.

Отсутен zOkO

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 76
  • брм брм
Одг: Најекономичен бензинец и најевтин дизел
« Одговори #9 на: 19 Јануари 2011, 00:10:28 am »
Значи за Опел и Шкода гарантирам со глава дека можеш да купиш со фабрички плински уред.

На Октавиите од наше такси, плин им е местен у МК (мислам дека некоја соработка меѓу Порше и Плимонт), а за Опел не сум чул досега мада и за нив мислам дека пред продавање тука им местат. Ако си у Наше Такси ѕирни на задња страна на сообраќајна дали има печат дека е уграден плински уред
I don't discriminate, I hate

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34097
  • Таков е животот... јебига
Одг: Најекономичен бензинец и најевтин дизел
« Одговори #10 на: 19 Јануари 2011, 01:06:43 am »
Не Зоко друже. Вака сега, првите две пратки на Октавии 2 х 30 комада, јас лично бев присутен кога се избираше понуда и дојдоа фабрички со плин. За третата пратка немаше со плин, но тогаш прекинав соработка со нив и не знам што направија понатаму. Иначе Октавиите не се земаа преку Порше туку од чешки дилер директ. Можеби соработувале со Плимонт за Лансерите. А на сообраќајните стварно немам поима што пишува и дали имаат воопшто. Малце ми е  чудно како успеаја да ги регистрираат 60 комада за една вечер ???

Опел информација од прва рака, порачуваш со фабрички плин и таков го добиваш. Овде не ставаат освен ако не сакаш ти да ти наместат. Проверено.

Отсутен zOkO

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 76
  • брм брм
Одг: Најекономичен бензинец и најевтин дизел
« Одговори #11 на: 19 Јануари 2011, 01:22:36 am »
А зашто дремеа на плац на Порше:)
I don't discriminate, I hate

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34097
  • Таков е животот... јебига
Одг: Најекономичен бензинец и најевтин дизел
« Одговори #12 на: 19 Јануари 2011, 01:27:14 am »
Е не знам тоа. Може транспортот таму ги оставил или имало простор. Исто така на пример Шевролетите и опелите ги носат сите на едно место па од таму си ги подигнуваат Олимпија моторс, Аутомакедониај и остали

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54991
  • Махер
Одг: Најекономичен бензинец и најевтин дизел
« Одговори #13 на: 19 Јануари 2011, 01:44:43 am »
Абе дајте чоекот ве праша културно. Тееее...
Пишав што мислев претходно за Фабиа, Меган, Астра, Фокус... А сега ми текна, да не случајно ти се свиѓа новата Фиеста? Зошто таа со ТДЦи диезелот мислам доаѓа околу 12.000 евра. Фантастично количе, топ внатрешност, топ мотор, топ изработка...

Отсутен proff

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1441
  • no comment at the moment
Одг: Најекономичен бензинец и најевтин дизел
« Одговори #14 на: 19 Јануари 2011, 08:55:45 am »
Фиестата е баш добар предлог. Претходно размислував за неа но беше навистина многу скапа за возлио од таа класа. Имаше некој финта со топ цена ама кога видов тоа беше за кола со 3 врати основен пакет итн. итн. па кога ќе ставиш на тоа доплата за врати, боја, нешто дополнителна опрема идеше цена боли глава т.е. цена како за кола класа повисока од неа. Гледав и Сеат ибица...добро возило баш ми се допаѓа дизајнот но, за разлика од i20 е помалку комфорна, поскапа е и повеќе троши. Кога седнував назад во i20 со главата не го допирав плафонот, а кај ибицата морав да се наведнувам што значи по нерамен пат повисок човек назад има да удира нон-стоп со главата во плафонот или ќе треба да седи навален на страна што не е баш пријатно. Навистина е деликатно да се направи вистински избор. За цената на фиеста дизел се купува i30.  Далеку поголема потрошувачка во однос на дизелот но, воедно и класа погоре ....
Иста грешка неможиш да повториш два пати. Вториот пат тоа не е грешка туку твој избор!