Автор Тема: Театар  (Прочитано 1179 пати)

Отсутен AUUU

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7071
Театар
« на: 21 Октомври 2022, 23:39:46 pm »
Приметив дека немаме ваква тема, а баш пред некое време ми дојде некоја желба да погледнам некоја претстава. Сепак многу повеќе ми се свиѓа контактот со глумците во театар него прегласните видео ефекти во кино сала, па ретко идам да гледам филм.

Прво ми дојде МНТ на памет и земав карти за “Летот над непријателското гнезно“ и за “Народен непријател'.

Првата немав појма што е темата, а касно беше кога дознав. Тешка претстава со феноменални глумци, напорна малце за гледање и дефинитивно се осеќаш уморен после поминати 2 и кусур саати, повеќе психички него физички.

Втората “Народен непријател' беше ОДЛИЧНА, Никола Ристановски ФЕНОМЕНАЛЕН. За жал, многу блиска до нашето секојдневие, како некој да не опишал во сегашно време.

Ако имате предлог што да се погледне пишете, бидејќи ми се случувало да отидам и да ми дојде да станам после првите 15 минути од што била очајна претставта, гледам за театар комедија, ама немам појма што е добро да се погледне.
 
Отсутен MartinAlfista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 17502
  • Alfa Romeo Corruption 1.4 Turbo
Одг: Театар
« Одговори #1 на: 22 Октомври 2022, 02:29:13 am »
Театар Комедија е многу океј место за опуштање. Често одам на новите претстави, глумачката екипа им е извонредна и генерално забавноста на претставата највеќе зависи од самата приказна, не од глумците.

'Вечера за глупаци' таму ми беше интересна, зошто се седи на сцена и дејствието се случува баш пред тебе, и ги гледаш сите совршености и несовршености на глумата :)

Таа би ја препорачал, ако уште е во репертоар.

Имам и други да препорачам, ама треба да ги погледнам по име и по актери за да ми текне што беше приказната :)

Ќе пишам пак.

Отсутен AUUU

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7071
Одг: Театар
« Одговори #2 на: 22 Октомври 2022, 11:25:13 am »

Сега гледам, има карти за 25.11. само ми дава избор Партер ред 8,9,10.. или нема врска тоа?

Отсутен BokiCivic

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3803
  • Боинг 747
Одг: Театар
« Одговори #3 на: 22 Октомври 2022, 19:07:38 pm »
Приметив дека немаме ваква тема, а баш пред некое време ми дојде некоја желба да погледнам некоја претстава. Сепак многу повеќе ми се свиѓа контактот со глумците во театар него прегласните видео ефекти во кино сала, па ретко идам да гледам филм.

Прво ми дојде МНТ на памет и земав карти за “Летот над непријателското гнезно“ и за “Народен непријател'.

Првата немав појма што е темата, а касно беше кога дознав. Тешка претстава со феноменални глумци, напорна малце за гледање и дефинитивно се осеќаш уморен после поминати 2 и кусур саати, повеќе психички него физички.

Втората “Народен непријател' беше ОДЛИЧНА, Никола Ристановски ФЕНОМЕНАЛЕН. За жал, многу блиска до нашето секојдневие, како некој да не опишал во сегашно време.

Ако имате предлог што да се погледне пишете, бидејќи ми се случувало да отидам и да ми дојде да станам после првите 15 минути од што била очајна претставта, гледам за театар комедија, ама немам појма што е добро да се погледне.
 
Нема тема ни за КАФАНА ,a камо ли за Театар :)

Отсутен AUUU

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7071
Одг: Театар
« Одговори #4 на: 22 Октомври 2022, 19:13:42 pm »
Оскудација Боки, кафане су скупе.
Театар е 300 денара, ко пиво у Имтермецо.

Отсутен BokiCivic

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3803
  • Боинг 747
Одг: Театар
« Одговори #5 на: 22 Октомври 2022, 19:41:37 pm »

Отсутен AUUU

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7071
Одг: Театар
« Одговори #6 на: 22 Октомври 2022, 19:56:23 pm »

Отсутен MartinAlfista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 17502
  • Alfa Romeo Corruption 1.4 Turbo
Одг: Театар
« Одговори #7 на: 22 Октомври 2022, 21:48:27 pm »
Театар Комедија е многу океј место за опуштање. Често одам на новите претстави, глумачката екипа им е извонредна и генерално забавноста на претставата највеќе зависи од самата приказна, не од глумците.

'Вечера за глупаци' таму ми беше интересна, зошто се седи на сцена и дејствието се случува баш пред тебе, и ги гледаш сите совршености и несовршености на глумата :)

Таа би ја препорачал, ако уште е во репертоар.

Имам и други да препорачам, ама треба да ги погледнам по име и по актери за да ми текне што беше приказната :)

Ќе пишам пак.
Сега гледам, има карти за 25.11. само ми дава избор Партер ред 8,9,10.. или нема врска тоа?

Абе така беше со седењето пред ковид, ама и сега па видов на социјални медиуми исто дека се одвива... Мислам дека така треба да ги дава картите, ма да можеш секогаш на шалтер да им појдеш (или на телефон барај ги), многу се фини и ќе ти објаснат се.

Отсутен marjanot

  • Следен од Hammond на Инстаграм.
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10960
  • 430i
Одг: Театар
« Одговори #8 на: 22 Октомври 2022, 23:12:57 pm »
Минатата сабота имаше премиера на Лагата во МНТ.
Интересна комедија за веќе стандардни случки помеѓу два брачни пара.
Саат и пол трае така да не е мачно да се гледа.

Во театар Комедија гледај ја Клетвата на Скотје.
Јас кога ја гледав за жал коментарите после претставата беа дека не била тоа што очекувале (претежно студентарија што не знам што очекувала ама дефинитивно не ја сфатила ни темата ни претставата).
Ако си во тек со настаните од последните неколку години, ако активно следиш и слушаш квалитетна, урбана македонска музика, ќе видиш како целиот дебилизам и идиотштина на она што се случува е совршено вклопено. Јас пак би ја гледал со задоволство. А и екипата се несаглам кој од кој.