Се работи за секвенционален уред од најновата генерација кој има ист принцип на работа како и бензискиот инџексион на моторот.
Plimont, ne sum mnogu upaten vo ovaa nova generacija na plinski uredi. Koja e razlikata so starata generacija? Koi se pridobivkite, negativnostite?
Новата генерација се секвенционалните плински уреди, кои ги заменија
претходните стандардни уреди за full-injection тип на возила.
Сосем накратко за разликите.
Кај стандардните уреди доводот на плин до моторот е преку плочка- дифузер, а количината на плин ја регулира едноставен ECU (компјутер) и степ-мотор (чекорно моторче).
Недостаток на овој тип на уреди е можноста за повратни детонации во всисната гранка, бидејќи самата е полна со мешавина плин-воздух, поголема потрошувачка од таа на бензин до 20% и губиток на сила и брзина до 10%. Голем проблем е можната повратна детонација, која, при нејзина појава, постои голема веројатност (и чест случај е, кај тие уреди), да го оштети куќиштето на филтерот за воздух, или некој од сензорите на моторот.
Кај секвенционалните уреди нема можност за повратни детонации, потрошувачката се покачува до 10%, а возните својства остануваат речиси исти како и на бензиски погон, разликата не треба да е поголема од 2%.. Опремени се со софистициран ECU и софтвер кои управуват со работата на моторот, кога е вклучен плинскиот погон, на ист начин како што тоа го прави бензискиот ECU.
Доводот на плин е преку засебни плински инјектори кои бризгуваат плин за секој цилиндер на моторот посебно.
Накратко