Автор Тема: Осигурителни компании  (Прочитано 120185 пати)

Отсутен Bojan j

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3040
Одг: Осигурителни компании
« Одговори #75 на: 27 Март 2014, 15:10:18 pm »
Дали има некој некакво искуство со А.Д. Осигурителна полиса??
Никој?

Јас 4 осигурувања имам таму направено за автомобил и осигурување на стан. Мислам дека се ОК, а цените им се помали од сите други.


Јас пак од Сава сум крајно револтиран. Во живот очи нема да ми видат :)
Не зависи само од Сава, зависи и од агентот со кој работиш ;)

Отсутен UrSa1986

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1506
Одг: Осигурителни компании
« Одговори #76 на: 27 Март 2014, 15:43:46 pm »
Не зависи само од Сава, зависи и од агентот со кој работиш ;)

Агентот не ја активирал наплатата на полисата, Сава чека два дена пред да истечат 3 години, пред да застари долгот (нормално, да се собере што може повеке камата) и активирала тужба и извршител, притоа јас не сум информиран за ништо од тоа. Доаѓа решение за одбивање од плата на работа!! Џартова/Џартовска или како беше, три пати не лажеше во очи. И на крај, јас си платив и камата и адвокатот нивни и извршителот, се заради нивна грешка.

Така да, од мое искуство, никогаш повеќе ништо од кај нив.


Отсутен Bojan j

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3040
Одг: Осигурителни компании
« Одговори #77 на: 27 Март 2014, 15:56:47 pm »
Затоа и реков дека агентот е многу важен и затоа не е само отиди земи си полиса и уживај.

Присутен Roci

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3817
Одг: Осигурителни компании
« Одговори #78 на: 27 Март 2014, 16:03:45 pm »
Jas do sega sum si zadovolen od Winner osiguruvanje, i ne sum imal potreba da menjam drugo, mozebi vo idnina dokolku nekoj ponudi podobri uslovi zs da ne ;D ;D ;D

Отсутен UrSa1986

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1506
Одг: Осигурителни компании
« Одговори #79 на: 27 Март 2014, 16:04:46 pm »
Затоа и реков дека агентот е многу важен и затоа не е само отиди земи си полиса и уживај.

Агентот е најкрив. Ама Сава требаше да си ја признае грешката и да ја повлече тужбата, со што би ги платиле сите трошоци за адвокат и извршител. Ама не, ништо од тоа не превзема туку со извршителот сакаше и работодавецот да го вмеша, еден вид уцена и заплашување.

Како и да е, било-поминало. Од искуство стануваме попаметни :)

Отсутен achtung

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6642
Одг: Осигурителни компании
« Одговори #80 на: 27 Март 2014, 16:39:07 pm »
Јас од Вардар осигурување имам платено регрес на штета што изнесува 17.000 денари со сите салтанати (камата за 5-6 години и плус извршител) 55.000 денари.

Отсутен AllMightyMe

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7067
Одг: Осигурителни компании
« Одговори #81 на: 27 Март 2014, 17:33:51 pm »
Ова никогаш не сум го сфаќал, која е поентата да плаќам регрес ако веќе плаќам автоодговорност? Има некои подзаконски акти до колку пари може да побаруваат по основ на регрес?

Отсутен Banzai

  • Blitzqueen
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 9998
Одг: Осигурителни компании
« Одговори #82 на: 27 Март 2014, 19:55:39 pm »
Регрес плаќаш ако немаш осигурување, пијан си бил или без возачка. А ахтунг платил толку многу дека претпоставувам чекал да дојде до извршител работата или мислел дека може да не го плати регресот :)

Јас не би го менувал кјуби (сега Македонија ВИГ) за Осиг. Полиса.
За вкусовите не се дискутира, по нив се плука.

Отсутен achtung

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6642
Одг: Осигурителни компании
« Одговори #83 на: 27 Март 2014, 20:27:42 pm »
Платив да, затоа што мој бивши најдобар другар направи сообракајка со негова кола (нерегистрирана и плус пијан) па јас се пријавив како возач бидејќи бев јак во МВР (татко ми со чин) па да се скинат одма казните. Арно ама се се скина од полицијата кога излезе после 2 години покана за суд од вардар, бев заедно со дечкото и како нема гајле се ке подмирам за на крајот да ми дојде извршно решение. Го јадев на другарска база 55.000 денари.

Отсутен TRPEE

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1542
Одг: Re: Осигурителни компании
« Одговори #84 на: 27 Март 2014, 21:13:47 pm »
Prav drugar si ispadnal vo prav moment. :)

Отсутен Banzai

  • Blitzqueen
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 9998
Одг: Осигурителни компании
« Одговори #85 на: 27 Март 2014, 21:15:47 pm »
За 55000 дознал дали стварно му е другар или не :)
За вкусовите не се дискутира, по нив се плука.

Отсутен achtung

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6642
Одг: Осигурителни компании
« Одговори #86 на: 27 Март 2014, 21:22:22 pm »
еее тоа школо ме коштате толку а и бонус ми е што го научив на помлади години (околу 25), па од тогаш наваму имам други гледишта :)

Отсутен Kimi R

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3009
  • "Just leave me alone, I know what I'm doing"
Одг: Осигурителни компании
« Одговори #87 на: 27 Март 2014, 21:59:50 pm »
Ја на пример, повеќе не ви имал никакви гледишта према тој човек, едноставно нема да постои за мене. Да му направиш толкава услуга на човек, па уште да те сјебе на крај и да те олесни за 1000 евра без срам и перде, е крајно не човечки.

Отсутен AllMightyMe

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7067
Одг: Осигурителни компании
« Одговори #88 на: 28 Март 2014, 10:34:50 am »
Има „другари“ што би те заебале и за многу помалку.

Луѓе се гледаат по тоа како се однесуваат со други луѓе од кои немаат никаков интерес, тука паѓаат сите маски. И јас сум го сфатил тоа низ животот.

(write this down)
;D ;D ;D

Отсутен x01

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 729
Одг:
« Одговори #89 на: 28 Март 2014, 17:53:59 pm »
Во секое друштво има по 1-2  такви "другари"