Прво, не е GTI.
Второ, Опел нема допирна точка со GTI.
Трето, поружно нешто од тие букви на било која кола не постои, и нема да постои.
Четврто, добродојде, побарај од администрација да ти ја префрлат темата во Возила на членови, каде што и припаѓа.
Имам некои совети за подобрување на изгледот:
- Да ги офарбаш штоповите со црвен спреј, специјално наменет за тоа. Водич имаш во подфорумот Работилница.
- Ако сакаш да вложиш некој денар повеќе, инвестирај во сет 16 инчни бандажи и гуми, петокраки или multispoke, со повеќе тенки краци.
- Затемни ги стаклата, но не многу.
- И за крај, но најбитно, најди си пониски спирали и спушти ја колата!