Колата е на моја блиска личност и повремено ја возам. При паркирање/вртење на управувачот, ноќе се гледа пулсирање на светлата. Не е премногу, ама за мене воочливо. Фордот имаше епизоди со флуктуирачко полнење на алтернаторот и согласно на тоа и светење на светлата (14.2-14.9V за многу кратко време по Fluke мултиметар), заменив реглер и откако тоа не помогна, поставив нов вод +12V од акумулатор до алтернатор и тоа го реши проблемот. Ибицата дали има електро серво, како тоа функционира? Како ова да се дијагностицира? Колку е нормално полнење кај овој мотор? Што може да страда ако остане ваква ситуацијата? Секое инфо е добредојдено.