Со здравје возење. Чисто од радозналост, двете коли се за тебе лично или?
Верувам дека бр.1 добро се покажало, па си земал исто такво дека знаеш како дише, каде сервис и какви рез. делови.
нај веројатно бр. 1 ке иде на продажба. одкако ке му го извадам плинот, ке му го рестартирам и средам метанот и како такво ке го продадам.. значи ке има метан и во сообраќајна атест за плин, па нека тури кој каков сака плински уред.. нај евтиниот што се вика, со плочка... бр. 2 ке се вози... и да... можам да се пофалам дека за километрите што ги поминав сум презадоволен... едноставно возило што не се расипува... редовно одржувај, филтри и каиши, мислам дека за возачи кои возилото им е за до работа и назад, и за 5 пати годишно некоја подолга релација, ова волво (како и повеќето) ке ги надживее...
бр. 2 има ни мање ни више туку точно 3 пати помалку поминати километри од бр. 1 а плус и убава понуда добив... понуда што не се одбива, а со оглед на тоа дека веќе му влегов во џигер на возилото (како тип и модел) за 2 минути возење знаев дека е доста стегнато, претходно убаво и точно одржувано и километрите му се реални... возилото е лани увезено од швајцарија. човекот ми ги остави и сите документи од увозот, меѓу другото и сервисната книшка од купување до тогаш. веќе ги контактирав (по меил) во овластениот сервис во швајцарија, за веродостојност на документите, да ми потврдат, но не се сомневам во вистинитоста. човекот што го купив од него е пољопривредец. не е трговец со коли. тој не ни знаеше дека има сервисна книшка од волво оригинал. кога го прашав за ова кожниот тевтер што е (во касетата) он ми рече вака: ТОА Е КНИГАТА ЗА УПАТСТВО ЗА КОЛАТА, НЕ ЈА ЧИТАВ. ТАМУ СИ ДОЈДЕ ВО КОЛАТА И ТАМУ СИ СЕДИ... синоќа кога копав низ документите во колата, во таа кожна книга излезе дека има втора и трета внатрешна преграда. во втората преградата го има документот од купување на возилото во 1998-ма година, со гарантниот лист!!! во третата преграда беше сервисната книшка, заверувана со редовните и вонредни сервизи... пазена е колава дефинитивно...
од вонреден сервиз има сменето рамења, и една чаура на предно десно тркало. инаку јас приметив дека на истото тркало амортизерот е ослабен... нај веројатно или го имаат лупнато во некоја по јака дупка (што е тешко дека ке се деси такво нешто во швајцарија) или се има испентрано на висок ивичњак. тогаш отишла чаурата, тогаш и го оштетиле амортизерот, тогаш и рамото го оштетиле. овие 2 ги смениле, а амортизерот не пуштил одма, туку покасно.