Браво за статијата, за начинот и стилот на пишување со кој ни се пренесени емоциите од чувството да се седи зад воланот на една ваква ѕверка.
Видов и критики за кои сметам дека воопшто не се на место.
Само што повторно се покажува „вродениот дефект“ кај оваа наша нација дека полесно е некој да се реши да покуди отколку да пофали.
Барем критиката да е добронамерна, а не производ на искомплексирани опортунисти на кои им е полесно да кажат НЕ и НЕ ЧИНИ, отколку да признаат - макар и пред себе - дека некој можел, имал, направил нешто што тие неможат или неумеат.
Да не речам од завист, ама изгледа реков