Си купив Fra-Ber Gommanera KE 185. 5 литри, се меша 1:5, за 30 литри корисна хемија. 1150 денари. Литро испаѓа 38 денари, што за тоа што го нуди (што успеав да испробам до сега), е убедлив бест-бај.

Направив раствор 1:5. И на тој размер е густо и мрсно. Во тубата е како мед густо.
Пошто летниот сет ми е веќе среден, пробав како ќе се понаша на нагазниот слој.
Еве пред...

Еве после...

Напрскав и оставив преку ноќ, да видам дали ќе се самонивелира или ќе треба вишокот да се пребрише. Може и вака, ама дефинитивно треба да се пребрише вишокот.
Имам еден ќопавац од Форд во подрум, па решив на него да пробам.
Прво ја исчистив гумата со АПЦ, 1:4. Значи, пробам на кристално чиста гума.

Прво шприцнав директно на гумата, па пребришав после некоја минута.
Еве 50:50.

На спротивната страна од гумата, само напрскав и оставив преку ноќ, не пребришав.

Се суши, ама недоволно. Мора да се пребрише вишокот.
Вака се понаша водата, после нанесување и пребришување...

Тоа беше вчера. Денес, пробав вака - прво, на апликатор напрскав, па нанесов, па пребришав.


Ова е најдобар метод на нанесување. Еве зошто... Дури и на слика изгледа добро. Во живо е уште подобро.
Следно, на другата страна, нанесов со апликатор и оставив да се исуши.


Останува многу residue, и е многу мрсно. МОРА да се пребрише вишокот.
Чисто не се нанесува. Пробав, бетер е од гелот на Сонакс.
Уште да ја провериме трајноста, за комплетна оценка на хемијата. Ќе биде и тоа, ќе апдејтирам.
Да резимирам - сум користел многу различни дресинзи за гуми. Ова е close second после CarPro Perl. Ова се моите топ 3:
1. CarPro Perl
2. Fra-Ber Gommanera KE185
3. Sonax Xtreme Tyre Gloss Gel.
Па сите останати.
Perl е најлесен за користење, најдобро изгледа, најдолго трае, самонивелирачки е, ама е и најскап во однос количина-цена. 900 денари за 500 мл, 1:1 или 1:2 за гуми. Плус, може да се користи и за ентериер, и за надворешни пластики. Плус е на база на вода, и најлесно се чисти. Не создава слинг-ефект да ја валка колата. Накратко, перфектно е. Ама, цената е проблем, реално. При 1:2, испаѓа 600 ден./литар. При 1:1, 900 за литар. За гуми, се препорачува неразредено. Така, испаѓа 1800 за литар.
Gommanera е најевтин, најмногу има, лесно се нанесува, супер изгледа, не знам колку ќе трае. Може да се користи и за надворешни пластики. Не е на база на вода, претпоставувам, туку на база на силикон, пошто и на 1:5 е премрсно. Фрка ми е дека само колку ќе биде проблем да го симнам при чистење и дали ќе шлака на полумесеците. Мислам дека со пребришување ќе го елиминирам тој проблем, ама ќе пробаме. 1150 за 5 литри, при 1:5, испаѓа 38 ден./литар. Џабе.
Сонаксот е супер, ама тешкотијата за нанесување и цената ги поништува сите позитивни ефекти од средството. Еднаш го користев, веќе не. Со цена, 450 денари за 250 мл. 900 за пола литро. Не се користи за ништо друго. Не се меша, така да испаѓа и поскапо од Perl, што е АПСУРД.
Би го препорачал, сега за сега, колку што можев да го испробам. Не изгледа сјајно, да л'шти, туку баш онака, природна, длабока црна нијанса. И да не трае колку што очекувам, имам пун курац од него и можам да шприцам до миле волје. Без пари ми испаѓа однос количина-цена.
Оставам простор за проба во реално време и услови. Плус, не ми е пробано на пластика (мазна, текстурирана, кваките сл.). Некои впечатоци може и да се променат. А може сум го решил проблемот со дресинг на гуми и надворешни пластики за навек. Ќе видиме.