Автор Тема: ГМО  (Прочитано 418775 пати)

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34157
  • Таков е животот... јебига
Одг: ГМО
« Одговори #1380 на: 19 Февруари 2015, 16:57:15 pm »
Внимателниот читател до сега ќе забележеше

Да беше ти внимателен читател ќе забележеше дека напишав оти не заземам страна помеѓу тебе и Ван а не помеѓу анти и про-ГМО.
Велиш пиши една причина... Па има пишано повеќе пати само што ти не читаш. Сега ме мрзи да барам назад или да прекуцувам од почеток. Можеби вечер ако бидам порасположен или пак ако се навратиш ти да прочиташ.

Отсутен Van

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5299
  • VW Golf MK3 1.9 TDI
Одг: ГМО
« Одговори #1381 на: 19 Февруари 2015, 17:30:15 pm »
Цитат
@Van.

Зошто мислиш дека Докинс му пишува писмо на принцот, убедувајќи го дека ГМО (не ГИО) се неправедно стигматизирани од параноици, или како што самиот ги нарекува „hysterical opposition“? Во што го убедува?

Зошто би спорел постоење на „хистерична опозиција„. Постојат такви и тоа не ја прави целата опозицијата таква.
Постои и хистерична пропозиција, па биди реален и погледни се себе си и филипв.    :D

Многу забуна прави општата декларација ГМО, а реков дека ГИО =/= ГМО. Докинс зборува за ГМО, и се што кажува за ГМО е сосема точно. Во ниеден момент не нагласува (или опишува) ГИО. Општо зборува, и општо е во право.
Во писмото пишува општо за генетските модификации, никаде не пишува конкретно за генетскиот инжинеринг. Тоа писмо до принцот Чарлс е напишано пред деценија и половина. Ајде кој е јунак нека најде каде на друго место Докинс „зазема став„ во врска со безбедноста на генетските модификации од „инжиниран вид„?

Докинс е секогаш многу принципиелен и држи до својот интегритет. Се зборува дека често се обидувале да го поткупат на разни начини, не најмалку преку нудење на Темплтон наградата. Многу би ми значело ако некаде прочитам, слушнам, или видам, дека токму тој зборува конкретно за ГИО. Но човекот е повеќе од доволно паметен да остане агностик, за она што нема ниту недвојбени докази дека е безбедно, ниту усвоени стандарди за такви устражувања, стандарди кои би биле прифатливи за сите. Стандарди кои ќе бидат меѓународно усвоени, од меѓународно тело на независни научници (кои никогаш не работеле за индустријата за храна).

Впрочем, јас не-знам-веќе-колку-пати нагласив дека јас не сум генерално против генетските модификации. Јас го поддржувам развојот на генетиката како наука од сите аспекти, па и од аспектот на генетско модифицирање на организмите со кои се храниме... Но не безусловно, не без исполнување на условот за безбедност. Никако не се согласувам со широка и масовна употреба на ГИО за исхрана на човештвото, не во оваа фаза на развојот на науката, не во вакво коруптирано општество и не во оваа фаза на истражувањето на безбедноста со (практично) непостоечки стандарди кои би биле прифатливи за сите, не само за индустријата.
Не се согласувам со идејата дека човештвото мора присилно да се подвргне на ваков експеримент, чии можни последици не се знаат прецизно (и напротив, се кријат преку сеприсутната корупција).

Отсутен achtung

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6642
Одг: ГМО
« Одговори #1382 на: 19 Февруари 2015, 17:31:46 pm »
Абе зашто никој не и реплицираше на девојката на последниот пост :) прпааааа  ;D

Отсутен TheForce

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 546
Одг: ГМО
« Одговори #1383 на: 19 Февруари 2015, 17:41:43 pm »
Achtung не ги чепкај жити мене  :D

Отсутен Cuore Sportivo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 17675
  • Alfa155 & AlfaGT
Одг: ГМО
« Одговори #1384 на: 19 Февруари 2015, 17:45:28 pm »
Тоа е разликата помеѓу учените и пригугланите, првите пишуваат кратки конкретни постови, вторите замараат со цитати од Ное до пичке си мајчине...




Отсутен filipv

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7511
  • и сега?
Одг: ГМО
« Одговори #1385 на: 19 Февруари 2015, 17:45:32 pm »
Велиш пиши една причина... Па има пишано повеќе пати само што ти не читаш.

Не, немаш.

Сега ме мрзи да барам назад или да прекуцувам од почеток. Можеби вечер ако бидам порасположен

Ајде.

или пак ако се навратиш ти да прочиташ.

Оваа тема ја имам претресено неколку пати. Два пати барав каде Ван навел докази за штетноста на ГМО (не најдов) и еднаш барав каде Ван навел на кој начин ГМО има поголем потенцијал да биде антиген (sic!) но и тоа не го најдов. Што и да си пишал - поготово ако си го пишал повеќе пати - ќе сум го видел. И затоа, ти велам: не си навел ниту една причина зашто си против ГМО („неприродно“ е невалиден аргумент и не се зема предвид).

Отсутен Van

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5299
  • VW Golf MK3 1.9 TDI
Одг: ГМО
« Одговори #1386 на: 19 Февруари 2015, 18:20:24 pm »
 

Кажав...
...
И не е претенциозно, укажано е само дека е од гугл читано, што според мене и не е најрелевантен извор на информации. Повеќе верувам на книгите од кои сум учела 4 години на факс.

Претенциозно е. Не знаеш какво е моето формално образование, ниту јас твоето. Претпоставуваш, и прејудицираш.

За почеток, ако Монсанто како дефакто и дејуре стожер на ГИО(гмо) индустријата самите кажуваат дека употребуваат (и) техника на генетски сплајсинг... зарем навистина ли сега мора слепо да се држиш за тоа што пишува во еден учебник од нашиот „безгрешен„ едукативен систем (сега филипв би ти барал одма да го напишеш насловот, и кој е авторот на тој учебник).  :P
Пази само дека тоа е официјалниот сајт на Монсанто. Не е „гугл„.

Никој не сака да ја намали вредноста на формалното едуцирање. Но не е во ред на јавен форум да декларираме авторитет. Од каде знаеш дека Миле Џонтра не е професор емеритус на Штуловиот Универзитет? Или дека Бајсикл не е реинкарнација на Кастанеда? Или дека филипв, не е аватар на Филпак Чопра? Јас можеби сум Баал, симнат на земјава да ве убедувам дека ГМО е штетно заради некои мои божествени махинации.
Не знаеме ништо, анонимни сме и како такви сите имаме еднаков авторитет. Затоа на јавен форум декларативно не настапуваме, туку колку што можеме објективно зборуваме и дискутираме, а потоа кажаното го проценуваме (наместо да го проценуваме авторитетот).


Мое лично мислење е дека ти е голема грешка што понатаму не ги збогатуваш знаењата надвор од формалното образование. Гугл е само пребарувач а не медиум или материјал. Гугл (или јаху, или уште подобро дак-дак-гоу) ќе те донесе и до добри и до лоши материјали. Преку твоето образование и искуство, ќе процениш што е добро а што лошо и безвредно. Учебниците не се догма, науката е променлив материјал.
Дури и Дарвин имал некои сосема погрешни ставови за генетиката, разбирливо со оглед на развојот на науката во тоа време (сеуште не била „откриена„ ДНК). Но тоа не значи дека дека неговата теорија за еволуцијата не е едно од најзначајните научни дела за човештвото, од стекнувањето свесност па до ден денес.



Теретана зове, не можам на долго да се објаснувам :)
Кажав ...
Крај! Збогум памети... Таков аватар, паметна (носиш наочари, м’хмм...?), и сега тек кога кажа дека вежбаш редовно во теретана.  ;)
Реакција на форумската популација:
Цитат
(Фотографијата е скриена. Кликни тука за да ја прикажеш..)

Ај кога ќе се вратиш од теретана, може ќе најдеш време да ми одовориш на последното прашање од овој пост.

Отсутен TheForce

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 546
Одг: ГМО
« Одговори #1387 на: 19 Февруари 2015, 18:37:29 pm »
Да сакав да се правам паметна или да "мавтам" наоколу со моето факултетско образование ќе го направев тоа уште во старт, наместо да се правам наудрена и да си молчам. Веќе кажав на еден од членовите тука дека тоа што го пишав не е за фалење или дека сум "искинала" на темава, туку тоа е мојот факултет. За некого е можда wow, за мене е најосновна работа зашто го учам тоа. Исто ко архитект или програмер да каже за неговата струка.
И да, во теретана трошам енергија и време, а не на форум и виртуелни дискусии.
« Последно менување: 19 Февруари 2015, 18:45:44 pm TheForce »

Отсутен Van

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5299
  • VW Golf MK3 1.9 TDI
Одг: ГМО
« Одговори #1388 на: 19 Февруари 2015, 18:42:02 pm »

И од учебниците само по еден пасос читаш?

Отсутен Fic_CC

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 16734
  • Keep it 100
Одг: ГМО
« Одговори #1389 на: 19 Февруари 2015, 18:46:10 pm »


Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 55051
  • Махер
Одг: ГМО
« Одговори #1390 на: 19 Февруари 2015, 18:50:44 pm »

Отсутен ARMEX

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3616
Одг: ГМО
« Одговори #1391 на: 19 Февруари 2015, 18:56:26 pm »
Тоа е разликата помеѓу учените и пригугланите, првите пишуваат кратки конкретни постови, вторите замараат со цитати од Ное до пичке си мајчине...





Толку.

Отсутен TheForce

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 546
Одг: ГМО
« Одговори #1392 на: 19 Февруари 2015, 18:58:40 pm »
Van ти си душа мила :)
Поздрав од мене, идам да се едуцирам надвор од мојот факултет.

Отсутен Van

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5299
  • VW Golf MK3 1.9 TDI
Одг: ГМО
« Одговори #1393 на: 19 Февруари 2015, 19:01:07 pm »

Како и да е...      ;)

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 55051
  • Махер
Одг: ГМО
« Одговори #1394 на: 19 Февруари 2015, 19:01:51 pm »
Сонце татино ни е он, затоа си го чуваме. Остро е како лажиче, ама наше си е.