Автор Тема: ГМО  (Прочитано 408437 пати)

Отсутен Van

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5291
  • VW Golf MK3 1.9 TDI
Одг: ГМО
« Одговори #600 на: 22 Мај 2014, 19:05:47 pm »
Гледај @Vasil без навреда, ама ни тебе веќе не ти реплицирам на темава... или барем се додека не напишеш нешто вредно за реплицирање. (од ова до сега виденово, најверојатно никогаш)
„ме мрзи„ и „ќе гледам глупи документарци, немам попаметна работа„... доведуваат до вакви реакции на соговорникот.

Не знам што ми реплицираш воопшто, кога немаш намера да прочиташ што ти пишувам или покажувам. И како уопште очекуваш да ти одговорам на последнава или било која реплика. Ебаго, како со Васко Ефтов или со Саше Политико да правам муабет...


Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54985
  • Махер
Одг: ГМО
« Одговори #601 на: 22 Мај 2014, 19:11:35 pm »
Од самата логика дека планетата има проблем со пренаселеност. Глупо е да решаваш проблем со продлабочување на истиот нели? Нема смисла.

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34097
  • Таков е животот... јебига
Одг: ГМО
« Одговори #602 на: 22 Мај 2014, 19:20:52 pm »
Под overpopulation не мора да се подразбира некакви си гужви или traffic jam.
Индикатор за overpopulation Може да биде општиот стандард на живеење, недостаток на храна, недостаток на социјално и здравствено осигурување, недостаток на основни човечки права... Има многу индикатори.

Веројатно ќе се изразам непрецизно но проблем е огромната сиромаштија во која живее многу голем процент на население на планетава, цел континент што умира од сида (која со користи за регулирање на популацијата) и слични оптествено девијантни појави. Дали тоа е поради тоа што има многу народ или поради тоа што тој народ лошо се менаџира, сосем е небитно. Битно има народ без кој просекот на квалитетот на животен стандард драстично ќе се зголеми. Што ме доведува до заклучок дека планетава навистина е пренаселена.

Пред Vasil да каже: па добро, сиромаштија и глад имало и пред повеќе векови а населението било една дваесетина од денес, да спомнам дека тоа е точно, но тогаш не постоела технологија која влијае на квалитетот на живеење како што денес има а не е рационално распространета.

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54985
  • Махер
Одг: ГМО
« Одговори #603 на: 22 Мај 2014, 19:24:24 pm »
Под overpopulation не мора да се подразбира некакви си гужви или traffic jam.
Индикатор за overpopulation Може да биде општиот стандард на живеење, недостаток на храна, недостаток на социјално и здравствено осигурување, недостаток на основни човечки права... Има многу индикатори.

Веројатно ќе се изразам непрецизно но проблем е огромната сиромаштија во која живее многу голем процент на население на планетава, цел континент што умира од сида (која со користи за регулирање на популацијата) и слични оптествено девијантни појави. Дали тоа е поради тоа што има многу народ или поради тоа што тој народ лошо се менаџира, сосем е небитно. Битно има народ без кој просекот на квалитетот на животен стандард драстично ќе се зголеми. Што ме доведува до заклучок дека планетава навистина е пренаселена.

Пред Vasil да каже: па добро, сиромаштија и глад имало и пред повеќе векови а населението било една дваесетина од денес, да спомнам дека тоа е точно, но тогаш не постоела технологија која влијае на квалитетот на живеење како што денес има а не е рационално распространета.

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34097
  • Таков е животот... јебига
Одг: ГМО
« Одговори #604 на: 22 Мај 2014, 19:28:33 pm »
Да ама е неправилно распоредена и лошо комбинирана :)

Отсутен Van

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5291
  • VW Golf MK3 1.9 TDI
Одг: ГМО
« Одговори #605 на: 22 Мај 2014, 19:30:19 pm »
Фаланга, тама се зачудив дека извлече од Deni повеќе од една реченица во еден пост... кога работите си се вратија на сво место. Копи-пастирано клипче, одбрано по некој радном критериум на пребарување, ваљда -гледаност.

Проблем со пренаселеност на планетава?
Наа... Не е важно што во последниве пар децении климата е сменета како што е нормално за период од пар илјади години. Или што водата за пиење станува се поголем проблем. И храната.

Важно да се подиспразнат градовите. Тоа ќе ги реши проблемите... во градовите. Но ресурсите се конечни, не се бесконечни. Затоа фураат ГМО.

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54985
  • Махер
Одг: ГМО
« Одговори #606 на: 22 Мај 2014, 19:32:09 pm »
Да ама е неправилно распоредена и лошо комбинирана :)
Да им дадеме GMO пипер и патлиџан во Африка со гени од кактус, што може да расте во пустина? Или барем пустинска пченица? Или не?

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34097
  • Таков е животот... јебига
Одг: ГМО
« Одговори #607 на: 22 Мај 2014, 19:35:18 pm »
Ако им дадеш, ќе се накотат премногу, и после ќе ти дојдат дури до Сиетл и Велес ќе стане црнечки град. Тогаш ќе имаш ли проблем или не?
Слушам не се баш омилени кинезите низ европа.

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54985
  • Махер
Одг: ГМО
« Одговори #608 на: 22 Мај 2014, 19:36:00 pm »
Богами не се. Значи добро е распоредена храната сепак?

Отсутен Vasil

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3759
Одг: ГМО
« Одговори #609 на: 22 Мај 2014, 20:45:37 pm »
Гледај @Vasil без навреда, ама ни тебе веќе не ти реплицирам на темава... или барем се додека не напишеш нешто вредно за реплицирање. (од ова до сега виденово, најверојатно никогаш)
„ме мрзи„ и „ќе гледам глупи документарци, немам попаметна работа„... доведуваат до вакви реакции на соговорникот.

Мислам дека доволно прочитав и напишав на ова тема за слободно да можам да речам „ме мрзи“ и да не добијам спинерски говор за тоа колку јас сакам да се расправам за нешто што не сум сакал да го истражам.

Пред некоја недела пишав дека ќе одморам од темава поради тоа што не сакав веќе да се замарам со дускусија во која другата страна користи двојни стандарди и е тотално неконструктивна и покрај тоа што беа ислушани како што треба и беше вложено доста време во испитување на нивните извори. Ова беше неопходно, затоа што многу малку знаев на оваа тема пред да почнам со оваа дискусија.

За домашна:
Да ги прочиташ сите статии и да ги изгледаш сите видеа што беа постирани од мене, Дени и Филип на темава и без напишан твој извештај за истите од барем 120 страни со 12-ка фонт, да не ти паднало на памет да ми реплицираш. Со оглед на тоа колку ти се гледаат и читаат работи на оваа тема и колку многу сакаш да пишуваш, следниот твој пост на темава насочен кон мене го очекувам за негде околу 10 дена. Ти ветувам дека во целост ќе го прочитам тој извештај.

Отсутен LosiPatista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 12136
  • Duh sa TDI-jom
Одг: ГМО
« Одговори #610 на: 22 Мај 2014, 20:59:02 pm »
Тоа е како да речеш, што ќе ми е да летам. Во 1900тите првите летови на браќата Рајх биле кратки и ништожни. Исто како и генетската модификација на организмите пред некоја година. Но по само 60 години Јуруј Гагарин отиде во вселената. Денешниот свет неможе да се замисли без летачки објекти. Не дека и пешки не одевме до Солун, но требаше неколку недели, а сега за неколку часа си во Лондон.
Истото и со компјутерите (можеби и подобра аналогија). Непотребни се на прв поглед, но откога ќе им се најде примена се незаменливи.

Погрешна аналогија.

Torsion Beam - The Only Axle You Will Ever Need

Отсутен LosiPatista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 12136
  • Duh sa TDI-jom
Одг: ГМО
« Одговори #611 на: 22 Мај 2014, 21:12:28 pm »
Знаењето е небитно пошто на крај или ќе јадеш ГМО или ќе умреш од глад. А второво нема да се случи.

Неточно. Русија е на добар пат да стане најголем производител на органска храна. Со неизбежната пропаст на Америка нема кој да го штити Монсанто, освен ако Монсанто не ја купи Украина или некоја друга држава во која ќе се организира гомнокафена револуција.


@Vasil монологов на типов сум го гледал (слушал) и претходно, еве и сега го пуштив уште еднаш за да видам... каде побогу е поврзаноста со конкретните peer reviewed научни студии што ти ги посочувам.
Типов никако не зборува за тие конкретни студии. Студии со кои се покажуваат големи количини на хербициди кај ГМО растенијата, и докажано е покажана една голема разлика меѓу оригиналот и ГМ рекомбинантот: значајно намалени количини на есенцијални амино-киселини??

Инаку типов би бил интересен соговорник на нашава тема на форумов, пошто за разлика од вас барем го коментира Докинс (иако перфидно го вади од контекст). Секако, муабетот со мене не би му бил така едноставен, како што на видеото е тоа селективно коментирање на погодни (глупи) прашања од посетителите на неговата фејсбук страна.


И шо сеа, ми падна таквото ако го погледав видеово што си го линкал. И не само што го погледав, туку ете и го прокоментирав.
А Ти... толку си надмен што не сакаш ни да ги погледеш студиите и документарецот што јас ти го посочувам?
Не само ти, неколкумина сте активни на темава, ама не ви се коментира ништо што не е дојдено од вас.

Чудна сорта сте, и ти, и filipv, а богами и Deni копипејстерот. Како да не сте дојдени тука за да дискутирате, туку да се карате. Како поинаку да се разбере постојаното и целосно игнорирање на покази и докази... Излегува како намерно да не сакате да се соочите со вистината, поедноставно е да не знаеш и да не се замараш со суровата реалност.

Во тој случај што можам да направам, со сила ум не можам да ви дадам.
Можам само да ве поздравам со Бора Чорба.   :-\

Отприлика на ова се сведува темата.
« Последно менување: 22 Мај 2014, 21:59:25 pm LosiPatista »

Torsion Beam - The Only Axle You Will Ever Need

Отсутен filipv

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7511
  • и сега?
Одг: ГМО
« Одговори #612 на: 23 Мај 2014, 08:59:07 am »
(десен клик на сликата, view image)


Отсутен LosiPatista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 12136
  • Duh sa TDI-jom
Одг: ГМО
« Одговори #613 на: 23 Мај 2014, 09:18:34 am »
Кој на светот умрел од јадење ГМО?

(ако сеа се залетате да пуштате линкови, ве молам линкови од сериозни, peer-reviewed извори, а не од new-world-order, RT, Fox News, разни таблоиди, naturalnews, блогови, „„„документарни“““ филмови, разни анегдоти и слично)

И доста поврзувате „бавча“, „природно“, „традиционално“ дрн дрн со „здраво“. Тие работи се не-по-вр-за-ни.

Ова зборува доволно за тебе и твојот начин на размислување.

Torsion Beam - The Only Axle You Will Ever Need

Отсутен filipv

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7511
  • и сега?
Одг: ГМО
« Одговори #614 на: 23 Мај 2014, 09:23:58 am »
Благодарам на ненамерниот комплимент.