Автор Тема: ГМО  (Прочитано 408420 пати)

Отсутен filipv

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7511
  • и сега?
Одг: ГМО
« Одговори #585 на: 22 Мај 2014, 16:42:58 pm »
Чудна сорта сте, и ти, и filipv, а богами и Deni копипејстерот. Како да не сте дојдени тука за да дискутирате, туку да се карате.

Ова не е далеку од вистината.

Да дискутираме „дали гмо е штетно“ е исто ко да дискутираме „дали земјата е рамна плоча“.

Да, има некои кои сметаат дека е рамна, но дали би дискутирал за тоа? Или просто би ги предашел? Јас не би дискутирал. Ќе ти праќаат линкови. Јутуб документарци. Цитати од Чарлс К. Џонсон (тој е главниот манга кој вика дека масоните не лажат и дека земјата е рамна). Ќе ти викаат „абе извади си ја главата од земја“. Ќе ти викаат „гледај го филмчево, многу пропушташ“. Но, дали ќе ги гледаш навистина? Или не? Не сме биле во вселената ниту јас ниту ти. Но, научниот консензус е дека не е рамна плоча и тоа е доволно уверливо.

http://theflatearthsociety.org/cms/
http://rationalwiki.org/wiki/Balance_fallacy

Отсутен FilipM

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3999
  • Turbo
Одг: ГМО
« Одговори #586 на: 22 Мај 2014, 16:50:19 pm »
Дали за прашањето „дали гмо е штетно“ има исто толку одговори/докази, како и за „дали земјата е рамна плоча“ ?
I’m so mean, I make medicine sick

Отсутен filipv

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7511
  • и сега?
Одг: ГМО
« Одговори #587 на: 22 Мај 2014, 16:59:48 pm »
Дали за прашањето „дали гмо е штетно“ има исто толку одговори/докази, како и за „дали земјата е рамна плоча“ ?

Да. Нема докази ниту за едното ниту за другото.

Отсутен Van

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5291
  • VW Golf MK3 1.9 TDI
Одг: ГМО
« Одговори #588 на: 22 Мај 2014, 17:13:02 pm »
Дали за прашањето „дали гмо е штетно“ има исто толку одговори/докази, како и за „дали земјата е рамна плоча“ ?

Интересно прашање.
Интересно е затоа што на времето секој што ќе кажел дека земјата не е рамна, идел на клада малку потопло да си преиспита ставовите. Требало да помине време, за да смени ставот за ова прашање и моќта на црквата да се намали. Денес ако веќе не сакаме да им веруваме на астронаутите кои биле горе, имаме сателити од кои може да се види каква е формата на земјата.

Паралелата на ова со ГМО е таква да, денес наместо црквата ја имаме ГМО индустријата мафијата. Тие ни ја продаваат нивната храна догма, која вели: Верувај во единствениот и безбеден ГМО, во име на светите наши непосточки стандарди. Благословен биди профиту во веки векој, Амен!

 :D
Практично и од сателит се гледа во што е работата, ама не треба да гледаме со свои очи, туку треба да и веруваме на црквата и нејзината догма. ;)

Отсутен filipv

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7511
  • и сега?
Одг: ГМО
« Одговори #589 на: 22 Мај 2014, 17:18:59 pm »
Интересно е затоа што на времето секој што ќе кажел дека земјата не е рамна, идел на клада малку потопло да си преиспита ставовите.

Пак ли со ова. Порано НЕМАЛО НАУЧЕН КОНСЕНЗУС бидејќи средствата за комуникација биле примитивни (научниците од пекинг и од париз немале како да се чујат меѓу себе и разменат информации), а идеолошки доминирала црквата која е анти-научна. Затоа се вика dark ages. Аман со овие глупи паралели од минатото. Ќе се јавам во analogy police жими све!

Отсутен Van

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5291
  • VW Golf MK3 1.9 TDI
Одг: ГМО
« Одговори #590 на: 22 Мај 2014, 17:29:34 pm »
@FilipM и само да се дополнам, и да ти укажам дека како што тогаш црквата доминирала и била анти-научна, денес таква е ГМО индустријата мафијата... која доминира исто толку силно и перфидно како црквата некогаш. Наместо корумпираната инквизиција и библијата, денес имаш корумпирани регулаторни тела и Codex Alimentarius.
И денес исто како и тогаш, немаме научен консенсуз затоа што независните научници денес се оцрнувани како Копериникус тогаш. И денес исто како и тогаш, глупите прости верници се глупи прости потрошувачи денес.  ;)

Panta rhei, aма некои работи на жалост остануваат исти.

Отсутен FiLo

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6614
Одг: ГМО
« Одговори #591 на: 22 Мај 2014, 17:31:16 pm »
Врти сучи, сите 2 метри под земја некогаш во иднина ке отидеме, дали сме јаделе природна храна или ГМО храна, од тоа не се бега.

Отсутен Van

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5291
  • VW Golf MK3 1.9 TDI
Одг: ГМО
« Одговори #592 на: 22 Мај 2014, 17:41:27 pm »
@FiLo несомнено си во право за правецот и дестинацијата, но не се согласувам за времето, и за начинот, и за формата.
Јас ако ме мене прашуваш како јас би, епа јас не би прерано од некакви болештии туку јас би бачка, овака како дедово доле прво со неколку кригли пиво, по после напичка (ако можам)... затоа што:


Тамо зората греит душата
И с’нце светло зајдвит в гората:
Тамо дарбите природна сила
Со с’та роскош ги растурила:
Бистро езеро гледаш белеит
Или од ветар сино – темнеит;
Поле погледниш или планина,
Сегде божева је хубавина.


:) ;) ;D

Отсутен Vasil

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3759
Одг: ГМО
« Одговори #593 на: 22 Мај 2014, 17:47:41 pm »
А Ти... толку си надмен што не сакаш ни да ги погледеш студиите и документарецот што јас ти го посочувам?

Да бе ја цел ден ќе гледам глупи документарци, немам попаметна работа. Во меѓувреме си ја изгледав последната трка од МotoGP шампионатот (ја пропуштив во неделата).

Отсутен FiLo

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6614
Одг: ГМО
« Одговори #594 на: 22 Мај 2014, 18:05:16 pm »
@FiLo несомнено си во право за правецот и дестинацијата, но не се согласувам за времето, и за начинот, и за формата.
Јас ако ме мене прашуваш како јас би, епа јас не би прерано од некакви болештии туку јас би бачка, овака како дедово доле прво со неколку кригли пиво, по после напичка

Попрво ке умреме од секирање дали е природна или ГМО храната, отколку самата храна што може да ти наштети.

Отсутен Van

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5291
  • VW Golf MK3 1.9 TDI
Одг: ГМО
« Одговори #595 на: 22 Мај 2014, 18:19:24 pm »
А Ти... толку си надмен што не сакаш ни да ги погледеш студиите и документарецот што јас ти го посочувам?

Да бе ја цел ден ќе гледам глупи документарци, немам попаметна работа. Во меѓувреме си ја изгледав последната трка од МotoGP шампионатот (ја пропуштив во неделата).

МotoGP шампионат си е кул работа, ама дека во месецов не можеш да одвоиш час и половина... тоа не е точно.

Твојот избор си е твој избор, само нефер и нечесна работа е да идеш на тема за одредена научна дисциплина... и да промовираш не-здрави работи од ненаучен аспект, само затоа што ти лично си премногу мрзлив да се едуцираш. Или да се „замараш„ (како што сам кажуваш).
Отвори си некоја тема за МotoGP шампионат и таму може за тоа да правиме муабет за МotoGP со кеиф и без замерање.



Попрво ке умреме од секирање дали е природна или ГМО храната, отколку самата храна што може да ти наштети.

Абе би ти кажал дека на_70+_со-пиво-и-напичка (tm) е многу боље него на четиресет-пеест-максимум-шеесет на хемо у болница... ама па кој сум јас да ти солам памет. Како си љубиш така прави си... и дај боже да не сум во право за прогнозите.

Отсутен Vasil

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3759
Одг: ГМО
« Одговори #596 на: 22 Мај 2014, 18:49:30 pm »
само нефер и нечесна работа е да идеш на тема за одредена научна дисциплина... и да промовираш не-здрави работи од ненаучен аспект, само затоа што ти лично си премногу мрзлив да се едуцираш.

Истото можам да го кажам за тебе, само разликата е што јас сум во право кога ќе го кажам тоа. Ништо од тоа што го кажа и наброја, заедно со сите линкови што ги посочи од почетокот на темава не е научно издржан. Едно време се трудев да ги проверам, сега веќе ме мрзи. Мислам дека веќе доста истражував на оваа тема и време е посветам малку повеќе време на работите кои вистински ме исполнуваат.

Документарец за Фракинг, не планирам да гледам. Која е поентата што сакаш да ми ја покажеш со тоа видео, дека властите се корумпирани???

И пак ќе те прашам истото што не ми го одговори претходно. Кој е тој што очекуваш да ги забрани ГМО производите? Властите? Нели беа корумпирани. Зошто мисиш дека Путин не добива мито од локалните произведувачи на семиња за руските полиња за да ги спаси од компаниите како Монсанто кои во спротивен случај ќе ги прегазат? Не се повикувај на скептицизмот, само кога ти одговара.

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34097
  • Таков е животот... јебига
Одг: ГМО
« Одговори #597 на: 22 Мај 2014, 18:53:59 pm »
Која е поентата што сакаш да ми ја покажеш со тоа видео, дека властите се корумпирани???

Па, за воља на вистината властите се корумпирани. Заедно со тоа, по автоматизам сосем е логичен заклучокот дека нешто не е како што треба. Чим има потреба за корупција тогаш со сигурност она што се прави е wrong doing. Сума сумарум ГМО се отров кој ќе се користи за регулирање на популацијата на планетата. Глупаво е да се мисли дека ГМО се безбедни за исхрана и дека нивната цел е да се спаси светот од глад. Ма немој да се јебеш у здрав разум бре. Планетата има за цел да ја намали популацијата а не да ја храни.

Јадете ГМО, ама не барајте пари за придонеси за здравство.

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54985
  • Махер
Одг: ГМО
« Одговори #598 на: 22 Мај 2014, 18:58:10 pm »
Зошто се отров, Фаланга? Од каде потекнува тој заклучок?

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34097
  • Таков е животот... јебига
Одг: ГМО
« Одговори #599 на: 22 Мај 2014, 19:04:56 pm »
Од самата логика дека планетата има проблем со пренаселеност. Глупо е да решаваш проблем со продлабочување на истиот нели? Нема смисла.