@Vasil
Мразам мултицитати (а ова баш заслужуваше детално покажување каде се не грешиш), но ќе се воздржам од тоа пошто наместо за важните работи ќе се фатиш за некое влакно или лапсус, и ќе направиш слон од тоа.
Наместо тоа, ќе те укажам дека e демагогија стилот на дискусија каде едната страна не прави повеќегодишни студии за безбедност, и воедно кога другата страна ќе извади докази во вид на резултати од баш такви повеќегодишни студии, тогаш „адвокативе„ се вадат на измислени техникалии, небулози како „глувци склони на развивање рак„
Баш тоа иначе е
демагогија. Игнорирање на фактите, научните докази и вистината и повикување кон исмевање и омраза на тие што имаат спротивен став.
Ти како стоиш со логиката иначе?
Ај да провериме. Како тоа, тие глувци биле „сосема ОК„ за времето додека долги години (и повеќе глувчешки генерации) траела студијата, АМА БАШ НИКОЈ „НЕ СЕ СЕТИЛ„ ДЕКА ТИЕ ГЛУВЦИ ДЕМЕК НАВОДНО СЕ СУПСЕКТИБИЛНИ НА ФАЌАЊЕ РАК?
Сети се дека зборуваме, за европски институт, кој бил одбран од ЕУ, меѓу повеќе други такви реномирани институции, да ги изврши испитувањата за штетноста на ГМО во исхраната. Не е дека ова се Васил и Ванчо, па ете решиле да прават научни студии, па на своја рака купиле глувци од првиот пет-шоп на кој налетале... и ете се погодиле тоа да ти бидат глувци „кои лесно фаќаат рак„.
Зборуваме за врвен научник во таа област (пак да повторам, со над 200-300 објавени трудови и книги), и зборуваме за врвен научен институт со прва лига оддел за истражување.
Ајде логика употреби, ако можеш.
Дали еден врвен научник во областa (и еден врвен научен институт), имаат мотив да не лажат и да лажираат резултати од научни студии (што воопшто добиваат од тоа)... ИЛИ МОТИВОТ ЗА ДА ЛАЖАТ Е ТОКМУ КАЈ ГМО ИНДУСТРИЈАТА, КОЈА ЗАРАБОТУВА ТРИЛИОНИ ДОЛАРИ НА ТОА??!?
И после јас сум имал проблеми со реалноста.
За крај, те молам остави ја на страна тезата дека сум против науката: јас не ја критикувам науката, туку тие кои ја злоупотребуваат науката за профит и тоа на сметка на колективното човечко здравје.
Единствено си во право кога велиш дека имам страв од ова што се случува. Но треба да знаеш дека само глуп човек не се плаши.
А за да веруваш дека властите во светот ти мислат само добро и дека твоето и здравјето на твоите го ставаат пред профитот... е за тоа треба да си не само глуп, туку и слеп и неук.
Убаво ти кажа Саган, во 17год старото видео. Треба да се едуцираат луѓето за да ги поставуваат правите прашања. Наместо да ги повторуваш ставовите на ГМО индустријата заради тоа што е кул да им „покажеш кај им е местото„ на тие што протажираат „псеудонаука„, зошто не се запрашаш каде се тие опсежни повеќегодишни студии кои „се прифатливи„? Дали воопшто има такви?
Каде е доказот дека ГМО е безбедно за човековото здравје... во тоа дека „нема докази дека ГМО е штетно„?