Зарем ти Дени, немаш сопствен став... зарем е можно се да ти се сведува на copy-paste од „тие што знаат„?
За Монсанто следи еден за нијанса подетален пост, подоцна или можеби приквечер, во ноќна смена на работа (ако немам премногу обврски).
Во меѓувреме eден мал осврт на колумната каде се дискутира на писмото на почитуваниот
Ричард Докинс, кон Принцот Чарлс, престолонаследникот на британската круна, и познат подржувач на она што денес се нарекува псеудонаука, квазинаука или антинаука.
Проблемот со таа колумна е
фактот дека авторот на
колумната за која дискутираме, ја вади од контекст содржината на писмото на Докинс.
Докинс зборува за невозможноста на еволуција во рикверц, ги објаснува фактите дека голем број од билките и животните со кои ние денес се храниме, се всушност резултат од генетски инжинеринг.
Ова се разбира е целосно вистинито, зошто разните видови на житарки, овоштија и зеленчуци се навистина генетски инженирани пореку методот на
генетска селекција од страна на човекот, низ последниве десет илјади години. Истото е вистина и за разните видови стока, добиток и живина, со кои денес се храниме, и кои биле прилично различни животински видови пред „приптомувањето„ од страна на човекот, и нивната доместификација, и потоа нивното споро менување низ генетската селекција.
Но, моментот каде авторот го вади од контекст Ричард Докинс, е моментот кога контекстот на
генетска селекција го изедначува со
директна рекомбинација на DNK секвенцата во гените на еден организам.
Ова се разбира е целосно неточно.
Да, вистина е дека во двата случаи се работи за генетски инжинеринг, но вистина е и дека тоа се сосема различни методи.
Генетската селекција е метод кој дава предвидливи резултати, метод чија безбедност е докажана со употреба во последниве десет илјади години. За тие што можеби не знаат, методот на
генетската селекција за репродукција зема примероци што содржат пожелни карактеристи, пожелни гени. На пример, во една нива со дрва од јаболки, се погодуваат пар дрва кои даваат најголеми и најсочни плодови. Следните садници се садат со семето од токму тие дрва. Така низ неколку генерации се добиваат се покрупни и посочни плодови. Споредете ги таквите големи и богати со фруктоза јаболки со дивите јаболки (налик на Петровките) кои се видливо поситни и покисели. Јасно е дека тука станува збор за генетска модификација преку генетска селекција.
Вакви примери има безброј и сите се докажано безбедни за исхрана на човекот. Генетската селекција е безбеден метод, докажан низ вековите на човековото битисување.
Од друга страна докажаната безбедноста на генетската селекција ама баш никако не може да се спореди со таа на методот на
директна рекомбинација на DNK секвенцата.
Директна рекомбинација на DNK, е метод кој инсертира секвенца од гените на еден организам во гените на организмот чии особини треба да се променат. Тој трансгенетски организам не мора да биде меѓу растенија (за што има природен процес на кросполенизација), туку може да биде и со мешање на
животни и растенија.
Пример е таканаречениот
рибји патлиџан, каде
гени од вид на риба директно се убризгуваат во гените на патлиџанот, за да се добие патлиџан отпорен на ладно.
Ова се разбира е фасцинантно од научен аспект, но никако не е забавно ваков безбедносно недокажан производ да се пласира за широка потрошувачка меѓу популацијата дури и без некаква ознака на таквиот производ (што за воља на вистината не се ни случило, но само заради тоа што отпорноста на ниски температури не била добиена).
Смешно е ова директно модифицирање на самите гени да го споредуваме со методот на генетска селекција. Од тој аспект би требало некако да ја натераат рибата директно го
онади патлиџанот, и така да се добијат потомци кои се трансгенетски организам. Се разбира тоа е невозможно, и покажува колку
авторот на колумната го вади од контекст Ричард Докинс, кој никогаш и никаде децедно не зборува дека дека дирекна рекомбинација/слајсинг на гени е исто што и природна или од човек контролирана генетска селекција.
Инаку такви трансгенетски
Генетски Модифицирани Организми денес имаме во широка потрошувачка низ сите супермаркети и ланци за брза исхрана. Посебно сите работи што содржат пченка или соја денес имаат огромни шанси дека се ГМО, и истите тие ГМО производи баш никако не се означени како ГМО, со што практично човештвото го губи
правото на избор.
За ова
право на избор, и дали тоа е само „бркање на вештерки„ (како што некои обвинуваат) ќе се осврнам во претстојниот пост за Монсанто, каде меѓу другото ќе видиме и зошто нации како Кина (покрај Франција и другите) во последниве неколку години на САД им вратија назад огромни пратки на ГМО житарки.
За крај на постов сакам да напомнам дека секогаш љубам да го дискутирам Ричард Докинс, исто како што љубам да ги слушам неговите дискусии, да ги гледам неговите документарци или да ги читам неговите книги и трудови. Ричард е еден од ретките автори на научни трудови кој пишува на едноставен јазик разбирлив и за неуките како што сум јас, тој е најголема причина што за дисциплината еволуциска биологија знам било што повеќе од основите на Дарвиновата Теорија за Еволуцијата. Неговата
The God Delusion во моментов чека во мојот Киндл ебук ридер, да дојде на ред за читање.
Last but not the least: Овој пост секако не се само за Дени, но сепак живо ме интересира дали ќе реплицира со некои свои мисли, ако ништо друго барем да видам дека не е бот.
Многу прикладна тука е завршната мисла на Докинс во спомнатот писмо:
Any scientist worthy of the name will warm to your quotation from Socrates: ‘Wisdom is knowing that you don’t know.’ What else drives us to find out?