Аргументите се овие:
1 Неизбежни се. Профитот го врти светот, а ГМО носи поголем профит.
2 Затоа што се неизбежни мора да научиме како безбедно да ги вклучиме во нашиот живот, а тоа нема да можеме да го направиме ако ставиме забрана и мислиме дека со тоа сме го решиле проблемот.
3 Ако ставиме забрана, а другите не стават (под претпоставка дека ќе бидат успешни и нема да се отрујат во процесот), ќе ни го уништат земјоделието со неконкурентно пониската цена и пак ќе јадеме ГМО, затоа што секоја голема компанија за производство на храна ќе набавува ГМО поради пониската цена и повисокиот квалитет.
Тоа е исто како фирма во денешно време да не сака да се префрли на компјутери, зошто тоа е некоја нова проклета машина. Лист си е лист бе, документ, тапија, го држиш во рака, мириса на мастило, како бог што сакал да биде. Ова податоци, невидливи, магија некоја, ќе ти цркне системот еден ден и ќе се чешаш.
Истиот муабет е. Стравовите се донекаде издржани, но придобивките се огромни, па вреди да се научи нешто ново и да се направи промена кон подобро, зошто ако ние не направиме, другите ќе направат.
1. Ако така си зацртал така е. Мене брашното од 20 денари, оризот од 45, компирот од 20 денари, доматот од 25 и пиперките од 25 денари ми се сосема достапни. Не сакам да бидат 2 денари поевтини. А и напротив, ГМО отровот нема да биде поевтин, нивната цел е да продаваат монопол, затоа нивните семиња ја загадуваат земјата, и после ГМО отров, на таа земја НЕ РАСТИ НИШТО ДРУГО. Откако ќе го осигураат монополот со отровот, тогаш тие ќе ја диктираат цената.
2. Не гледам ниту една причина зошто би морал да вклучам ОТРОВ во мојот живот.
3. Никој нема да го уништи нашето земјоделие. Нашето земјдоелие е најконкурентно на пазарот. Природната храна секога ќе има повисока цена и ќе биде повеќе барана од ГМО отровот!
4. Аналогијата со компјутерите ти е погрешна.
Значи како и секој судски процес ни останува да најдеме докази дека нечини ГМО. Епа повелете по еден интернет и барајте. Јас ќе барам, зошто баш ме заинтересира ова пред некој месец.
АМеричките профитерски гнаси донесоа закон со кој, секој нов производ може да се пушти на пазарот како исправен, се додека не се докаже спротивното. Па така, некои производи поминуваат и по 20 години во продажба пред да бидат укинати. Откако ќе ги укинат, потоа МОНСАНТО прави нов отров со ново име, и повторно го пласира на пазарот за следните 20 години. На тој начин НЕПРЕЧЕНО продаваат отров.