Аргументите се овие:
1 Неизбежни се. Профитот го врти светот, а ГМО носи поголем профит.
2 Затоа што се неизбежни мора да научиме како безбедно да ги вклучиме во нашиот живот, а тоа нема да можеме да го направиме ако ставиме забрана и мислиме дека со тоа сме го решиле проблемот.
3 Ако ставиме забрана, а другите не стават (под претпоставка дека ќе бидат успешни и нема да се отрујат во процесот), ќе ни го уништат земјоделието со неконкурентно пониската цена и пак ќе јадеме ГМО, затоа што секоја голема компанија за производство на храна ќе набавува ГМО поради пониската цена и повисокиот квалитет.
Тоа е исто како фирма во денешно време да не сака да се префрли на компјутери, зошто тоа е некоја нова проклета машина. Лист си е лист бе, документ, тапија, го држиш во рака, мириса на мастило, како бог што сакал да биде. Ова податоци, невидливи, магија некоја, ќе ти цркне системот еден ден и ќе се чешаш.
Истиот муабет е. Стравовите се донекаде издржани, но придобивките се огромни, па вреди да се научи нешто ново и да се направи промена кон подобро, зошто ако ние не направиме, другите ќе направат.