Автор Тема: ГМО  (Прочитано 408615 пати)

Отсутен Cuore Sportivo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 17675
  • Alfa155 & AlfaGT
Одг: ГМО
« Одговори #45 на: 11 Септември 2013, 12:52:40 pm »
Штом еднаш ГМО култура се пушти во природата невозможно е да се запре ширењето на заразата.


Отсутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 43714
  • Il Moderatore
Одг: ГМО
« Одговори #46 на: 11 Септември 2013, 12:53:47 pm »

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен Vasil

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3759
Одг: ГМО
« Одговори #47 на: 11 Септември 2013, 12:57:19 pm »
Штом еднаш ГМО култура се пушти во природата невозможно е да се запре ширењето на заразата.

Веќе се пуштени. Затоа треба да се создадат регулативи и механизми за контрола. Помина веќе denial фазата.

Присутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54985
  • Махер
Одг: ГМО
« Одговори #48 на: 11 Септември 2013, 12:59:53 pm »
од гмо се плашат оние кои никогаш не разбрале како точно функционира еволуцијата.

мојот прв и последен пост на оваа тема.
:) Во право си.
Но, дали знаеш како функционира вирус? Им давам шанса да се објаснат, зошто нечини GMO.

Отсутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 43714
  • Il Moderatore
Одг: ГМО
« Одговори #49 на: 11 Септември 2013, 13:05:39 pm »
од гмо се плашат оние кои никогаш не разбрале како точно функционира еволуцијата.

мојот прв и последен пост на оваа тема.

Едно хипотетичко прашање (не мора да одговараш, ако не сакаш да ја продолжиш дискусијата во темава):

Одиш на пазар, две тезги со патлиџан, Едната, шишевски розев јабучар, од Македонско семе кое некоја баба го сушела и садела со генерации од истиот патлиџан, а на другата тезга, патлиџан од семе купено од семенара, за кое си сигурен дека нема да може повторно да го исушиш и засееш од истиот патлиџан, зошто е генетски модифициран за да не биде репродуциран, но овој патлиџан исто така делува поокругол, помалку визуелни недостатоци, поубава боја на патлиџан има и се` е подобро на прв поглед во однос на „стариот“ и искрзан јабучар:

vs


Кој од овие два производи за тебе Филип?

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен Cuore Sportivo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 17675
  • Alfa155 & AlfaGT
Одг: ГМО
« Одговори #50 на: 11 Септември 2013, 13:20:10 pm »
од гмо се плашат оние кои никогаш не разбрале како точно функционира еволуцијата.

мојот прв и последен пост на оваа тема.
:) Во право си.
Но, дали знаеш како функционира вирус? Им давам шанса да се објаснат, зошто нечини GMO.

Старлинк пченката генетски е изменета на начин така што е уфрлен Bt токсин. Првичната идеја била истиот да предизвика инсектициден ефект врз молецот на пченката. Меѓутоа иако непланирано истиот ефект го имал врз сите инсекти кој припариле до растението, покрај другото предизвикува помор на пчелите. Bt токсинот се исфрла преку коренот во почвата и има резидуално дејство.

Bt токсинот не е опасен само за инсектите, туку и за луѓето. Предизвикува алергиски реакции и анафилактички шок кој може да доведе до смрт.

Оваа сорта на пченка е забранета за употреба од страна на Американската агенција за заштита на околината.

Проблем е што при засадување на овакви култури неможе да се постават во тампон зона и неможе да се спречи природниот начин на оплодување. Со тоа лесно може да се контаминира друг посев чија култура не е гмо.


Отсутен Vasil

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3759
Одг: ГМО
« Одговори #51 на: 11 Септември 2013, 13:27:50 pm »
Не знам за Филип, ама јас би го одбрал Јабучарот.

Но, не е таква разликата помеѓу ГМО и обичен плод. Ако некој направи ГМ верзија на Јабучарот, никој од нас нема да може да ја најде разликата помеѓу оригиналната сорта и модификуваната. Но ако е направена добро, модификувањето може да прескокне 10 генерации на баби кои ги сортирале плодовите и веднаш да добиете растение кое е здраво, дава поголем принос, е поотпорно на болести, нема голема потреба од наводнување и ја одржува почвата здрава. Ако некој утнал работа може и да се отруеме, ама затоа треба да се испита.

Секоја нова технологија која може да донесе напредок, може и да направи беља ако лошо се применува. Тоа не значи дека треба целосно да ја отфрлиме.

Не содржи секој ГМО пестициди во себе.

Отсутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 43714
  • Il Moderatore
Одг: ГМО
« Одговори #52 на: 11 Септември 2013, 13:38:37 pm »
Јас исто не сум строг поборник за забрана на генетско модифицирање, тоа го праеле нашите баби, тоа ќе го праат илјадници поколенија наши. Но тоа треба да биде во строго контролирана рамка која ќе значи поквалитетен живот. Она што луѓето ги плаши, е модификации кои се наменети за поголем профит на една или неколку компании или држави, исто како што ги плаши водење војни за да се зголеми профитот од нафта и профитот од воена индустрија.

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Присутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54985
  • Махер
Одг: ГМО
« Одговори #53 на: 11 Септември 2013, 13:40:40 pm »
Не знам за Филип, ама јас би го одбрал Јабучарот.

Но, не е таква разликата помеѓу ГМО и обичен плод. Ако некој направи ГМ верзија на Јабучарот, никој од нас нема да може да ја најде разликата помеѓу оригиналната сорта и модификуваната. Но ако е направена добро, модификувањето може да прескокне 10 генерации на баби кои ги сортирале плодовите и веднаш да добиете растение кое е здраво, дава поголем принос, е поотпорно на болести, нема голема потреба од наводнување и ја одржува почвата здрава. Ако некој утнал работа може и да се отруеме, ама затоа треба да се испита.

Секоја нова технологија која може да донесе напредок, може и да направи беља ако лошо се применува. Тоа не значи дека треба целосно да ја отфрлиме.

Не содржи секој ГМО пестициди во себе.
Крај. Само наместо 10, 100 и се сложуваме.

Отсутен negoznam

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 533
Одг: ГМО
« Одговори #54 на: 11 Септември 2013, 13:50:07 pm »
@Deni, Може ова истражување тука? : http://foodmatters.tv/articles-1/gm-corn-linked-to-cancer-tumors



Покрај пченката на стаорците им е давана и вода со инсектицид.

Цитат
Here are some of the shocking findings from the study:
Up to 50% of males and 70% of females suffered premature death.
Rats that drank trace amounts of Roundup (at levels legally allowed in the water supply) had a 200% to 300% increase in large tumors.
Rats fed GMO corn and traces of Roundup suffered severe organ damage including liver damage and kidney damage.

Отсутен Cuore Sportivo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 17675
  • Alfa155 & AlfaGT
Одг: ГМО
« Одговори #55 на: 11 Септември 2013, 13:51:27 pm »
Не знам за Филип, ама јас би го одбрал Јабучарот.

Но, не е таква разликата помеѓу ГМО и обичен плод. Ако некој направи ГМ верзија на Јабучарот, никој од нас нема да може да ја најде разликата помеѓу оригиналната сорта и модификуваната. Но ако е направена добро, модификувањето може да прескокне 10 генерации на баби кои ги сортирале плодовите и веднаш да добиете растение кое е здраво, дава поголем принос, е поотпорно на болести, нема голема потреба од наводнување и ја одржува почвата здрава. Ако некој утнал работа може и да се отруеме, ама затоа треба да се испита.

Секоја нова технологија која може да донесе напредок, може и да направи беља ако лошо се применува. Тоа не значи дека треба целосно да ја отфрлиме.

Не содржи секој ГМО пестициди во себе.

Ти збориш за селекција, си ја утнал темата..

Отсутен LosiPatista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 12136
  • Duh sa TDI-jom
Одг: ГМО
« Одговори #56 на: 11 Септември 2013, 13:52:03 pm »
Изненаден сум дека има интелигентни луѓе што го бранат Монсанто. Инаку ГМО официјално не е влезен во Македонија, се увезува понекоја радиоактивна пченка, пченица и месо од Америка и Бразил, но ГМО не се одгледува кај нас. Со оваа регулатива ќе почне да се одгледува отровот на наша почва. Почвата на која еднаш е засаден ГМО е загадена, таму повеќе не расти природно семе.




Torsion Beam - The Only Axle You Will Ever Need

Отсутен Vasil

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3759
Одг: ГМО
« Одговори #57 на: 11 Септември 2013, 13:58:36 pm »
Ти збориш за селекција, си ја утнал темата..

Селекцијата ги има истите цели, но е многу побавна и понепрецизна од генетската модификација.



Ја не видов некој што го брани Монсанто. Они си имаат историја со заташкувања кога се работи за екологијата, ама тоа не значи дека ГМО треба да се отфрли само затоа што е промовирана од Монсанто. Ако сортите на Монсанто се штетни, нема да се употребуваат и крај на приказната.

Присутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54985
  • Махер
Одг: ГМО
« Одговори #58 на: 11 Септември 2013, 14:00:51 pm »
Нема причина GMO да се смета како една кохезивна група. Генетска модификација може да се користи во милиони различни начини, согласно тоа и ефектите од таа генетска модификација ќе бидат наполно различни.
Да земеме пример дека се изменува генот за прекин на растењето на патлиџанот. Тоа нема никава разлика од нормален патлиџан освен што е поголем. Наместо да престане да расте по извесно време, тој продолжил да расте.
Менување на составот на течноста од вода во цијанид на пример е исто модификација која го прави патлиџанот отровен.

Тие две неможе да се стават во истата кошница.

Во генетска модификација „од некое основно ниво“ спаѓаше и создавањето на големите лубеници кои се ставаа во клетка од тиква и произведуваа големи и прекрасни лубеници кои немаа семки. Што на пример е прекрасно.

Отсутен Cuore Sportivo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 17675
  • Alfa155 & AlfaGT
Одг: ГМО
« Одговори #59 на: 11 Септември 2013, 14:01:32 pm »
Ти збориш за селекција, си ја утнал темата..

Селекцијата ги има истите цели, но е многу побавна и понепрецизна од генетската модификација.

(Фотографијата е скриена. Кликни тука за да ја прикажеш..)

Ја не видов некој што го брани Монсанто. Они си имаат историја со заташкувања кога се работи за екологијата, ама тоа не значи дека ГМО треба да се отфрли само затоа што е промовирана од Монсанто. Ако сортите на Монсанто се штетни, нема да се употребуваат и крај на приказната.



Ама ти не сваќаш дека доколку комшија ти засади ГМО ќе моеш да се опростиш од семето на баба ти....


Хибридизација - вкрстување на различни сорти од ист вид..

ГМО - вкрстување на различни видови кое е возможно само лабараториски..