ЛП, тоа што ти си тотално убеден дека ГМО ќе ги истреби луѓето, не значи дека сите треба да бидат.
Од сите текстови и видеа што ги третираат ГМО како креација на сатаната, не сум чул ниту еден сериозен, издржан аргумент, поддржан од сериозно испитување од сериозна здравствена организација. Дополнително, тие иницијативи се поддржани од истите луѓе што креваат галама дека вакцините предизвикуваат аутизам. Инаку пред 2 недели изби епидемија на сипаници во таква црковна заедница во САД што одбиваше да се вакцинира.
ГМО веќе постојат, имаат огромни предности и се повеќе ќе бидат застапени во иднина. Како напредува и созрева технологијата така ќе напредуваа и квалитетот и предностите од користењето на ГМО. Одење со глава во ѕид е глупаво и непродуктивно. Тоа што треба да се направи е да се создаде контрола на квалитетот и составот за да се види што всушност има во генетски модифицираните плодови. Треба секоја врста да се испита и да се одобри исто како што се треба да се одобруваат сите хибридни сорти што моментално ги користиме. Исто така треба да има строга контрола на користењето на пестициди и слични отрови, за кои не се крева толку паника, а масивно се користат кај нас и тоа од неуки земјоделци кои ниту ја знаат потребната доза ниту пак знаат како да ја нанесуваат, па многу често ставаат повеќе од колку што е дозволено. Видете што се случи со кочанските оризови полиња.
Само се шири страв од сите страни, и постојано експоненцијално се зголемува бројот на неупатени уплашени луѓе што ги шират истите неосновани стравови.
Погледнете го серијалов ако ве интересира, се обидува да ги претстави двете страни и обидете се да не настапувате како вие да ја имате вистината и сите што нема да се согласат со вас се или кретени или тролови платеници на Монсанто и компанија.
Последиците се The big unknown. Никој не може да ти гарантира што ќе се случи со тебе, а веројатноста да се случи нешто лошо е голема, иако никој не може да ја пресмета веројатноста. На таа карта игра Монсанто(со Америка), на таа проклета карта 'нема доказ дека отровот што ви продавам јас ќе ве убие', затоа што правно, медицински е многу тешко да ја воспоставиш таа врска. Секој амерички отров предизвикува некоја болест, најчесто некој вид на рак, но никој неможе да докаже дека ракот се појавил како резултат баш на нивниот отров, а не некој друг.
Абе децата нивни пестициди да јадат до крајот на животот, и да живеат 1000 години.
Ако не може да се докаже дека е штетно и некој го нема докажано тоа, треба да престанете да дрвите без докази и аргументи. Тоа што ќе чуете зборови како „генетски“, „модификувано“, „нуклеарно“ или „зрачење“ не е знак дека треба да се извадат вилите од штала и да се тргне во лов на вештерки.
И на крај не е само Монсанто во тој бизнис. Има и други фирми кои креираат ГМО.
Вакви работи се решаваат од експерти, не со референдуми. Тоа е исто како народот на референдум да го прашаш, кои лекови треба да бидат одобрени од ФЗО.