Ајде сепак тука..може ќе му се најде корисно некому..
Значи 3 рaботи:
1.Пукната мембрана на редуктор ( не се мења, а нов редуктор нема, а кога би имало е 4 цифри).
2.4 семеринзи на редуктор ( менливи се, се произведуваат нови и 2 веќе ми стигнаа)
3.Ламела и потисна ( не се за мењање, на педаља е супер, а ако се мењаат се симиња трап, мењач и редуктор..значи пун к*рац работа).
Во овој случај може да се направи следното:
1.Да се набави половен исправен редуктор и да се смени целиот дел. За ова не е потребно да се симиња трап и мењач и целата постапка е готова за 2-3 саати. Се монтира редукторот и се вози додека не откаже ...ако воопшто откаже. Во овој случај регулацијата на 4x4 е сеуште хидраулична и бомбата (pressure аcumulator) и вентилот ( solenoid valve) кои се сеуште во функција, а активацијата на 4x4 останува кај мене преку монтираниот цуг прекидач.
До монтажа на истиот, се вози на FWD без проблем со гасење на 4x4 преку прекидачот.
..или
2.Постоечкиот редуктор да се отвори, да се стави ново силиконско уље на виско спојките и истиот да се заклучи со ставање на запчаници (изработени на стругар) кои постоечките ламелици ќе ги заклучат на начин опишан на сликата.
Ова е трајно решение каде 4x4 погонот е заклучен и постојан, а хидрауличната регулација не е во игра.
Ова се практикува на Калибри над 350 КС каде сакаат да го задржат фабричиот 4x4 систем и на овој начин трајно го модифицираат и нема проблеми.
Што ќе правам јас?
1.Најдов убав, половен , исправен редуктор ( фала Јан Турбо) кој планирам да го земам и монтирам, па здравје боже - нека тера и све ќе си биде како и до сега.
2.При промена на редукторот ќе се види состојбата на семеринзите ( вкупно 4) и зависно од нив:
- истите може да се променат што подразбира симињање на мењач и трап. Во овој случај кога веќе све се растура ќе ја искористам приликата да сменам и сет ламела и потисна. ( нова секако).
3.Мојот редуктор кој сега ќе го извадам , ќе го отворам и заклучам на начин како што пишав погоре (за траен 4x4 погон) и истиот ќе стои како резерва и трајно решение за понатаму во случај постојниов да ми откаже ( ако откаже).
Заклучен редуктор е корисна работа и во случај ккк16 турбината да се мења за ккк26 (нова секако) која пасува без проблем на издувната грана и секако е појака и дава повеќе снага која хидраулично регулиран 4x4 фабрички систем едвај ја трпи..но за тоа отом потом..сега за сега супер си е фабричкото турбо.
И тоа би било тоа.