Автор Тема: Honda Accord 2.0 ivtec проблем или не?  (Прочитано 3209 пати)

Отсутен VladeFF

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 83
Honda Accord 2.0 ivtec проблем или не?
« на: 26 Март 2016, 18:09:25 pm »
Момци, ќе ве молам за одговор на следново прашање, за Honda Accord 2.0 ivtec мотор 2003-та, од шипката за масло се осеќја дување. Е сега, знаеме дека кај повеќето возила не треба да има воопшто дување или сосема малку, но во разговор со мајстори, за овие мотори на Honda ова било сосема нормално. Дим не излегува од цевчето каде што е мерачот. Колата нема поминато повеќе од 200.000 km.
Моторот не троши масло, не дими од ауспух и има сила.
Би сакал поискусните (особено тие што имаат искуство со Honda) да одговорат.
Благодарам.

Отсутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 43722
  • Il Moderatore
Одг: Honda Accord 2.0 ivtec проблем или не?
« Одговори #1 на: 26 Март 2016, 18:24:09 pm »
Измери компресија на цилиндрите, на топол и на ладен мотор. Тоа е најрелевантно. „Дувањето“ од капаче или шипка е психолошка категорија.

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен IdeuX

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 762
Одг: Honda Accord 2.0 ivtec проблем или не?
« Одговори #2 на: 26 Март 2016, 19:19:18 pm »
Кој ти кажал дека не треба да има дување? Вози таму, немаш никаков проблем

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34097
  • Таков е животот... јебига
Одг:
« Одговори #3 на: 26 Март 2016, 19:32:14 pm »
Не треба да има дување.

Отсутен IdeuX

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 762
Одг: Honda Accord 2.0 ivtec проблем или не?
« Одговори #4 на: 26 Март 2016, 19:37:58 pm »
Треба да има дување, особено на мотор со 200000, пошто не постои карика на светов што затвора совршено без blow by

Отсутен VladeFF

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 83
Одг: Honda Accord 2.0 ivtec проблем или не?
« Одговори #5 на: 26 Март 2016, 19:44:37 pm »
Тука е поентата. Овој мотор (не знам за другите на Honda) е така дизајниран, самиот по себе дувал од сипката за масло. Наводно картерот е поинаков, па се ствараат некои внатрешни притисоци во картер, па секако штом извадиш шипка за масло, се осекја дување.
На возилото ќе му биде измерена компресија и проверка на вентили (штелување), па ќе пишам тука што е направено.
Чисто сакав да видам мислење на некој што вози таков тип на мотор, 2.0, 2.4 итн.. да каже дали се осекја тоа дување.

Отсутен IdeuX

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 762
Одг: Honda Accord 2.0 ivtec проблем или не?
« Одговори #6 на: 26 Март 2016, 19:57:18 pm »
Нема врска каков е картерот, туку вентилот за контрола на уљни пари не го растетерува доволно притисокот во мотор и ти го гледаш на шипка. Можеш да го зачистиш цревото за растеретување, али чим не ти дими на бркање и не ти фали уље џабе ќе се мачиш

Отсутен VladeFF

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 83
Одг:
« Одговори #7 на: 28 Март 2016, 18:58:04 pm »
Само да информирам, денес колата беше однесена во Макпетрол на сервис. Без разлика што има дување од шипката за масло, возилото нема никаков проблем со компресијата. Истата при мерење покажа одлични резултати. Беше направена само корекција (штечување) на вентилите што и е нормално бидејќи по сервисно упатство треба корекција на 40.000км. Тоа што сакав да кажам е дека не секогаш важи правилото дека ако дува од шипката за масло дека моторот нема компресија и дека нешто има проблем.
Благодарам за одговорите. :-)

Отсутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 43722
  • Il Moderatore
Одг: Honda Accord 2.0 ivtec проблем или не?
« Одговори #8 на: 28 Март 2016, 19:32:16 pm »
Ма какво правило какви бакрачи! Таксистички муабети се тоа.

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен onak

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 15993
  • сељаторе ин ил селандроре!!
    • КАНО еко системи
Одг: Honda Accord 2.0 ivtec проблем или не?
« Одговори #9 на: 28 Март 2016, 21:35:21 pm »
Само да информирам, денес колата беше однесена во Макпетрол на сервис. Без разлика што има дување од шипката за масло, возилото нема никаков проблем со компресијата. Истата при мерење покажа одлични резултати. Беше направена само корекција (штечување) на вентилите што и е нормално бидејќи по сервисно упатство треба корекција на 40.000км. Тоа што сакав да кажам е дека не секогаш важи правилото дека ако дува од шипката за масло дека моторот нема компресија и дека нешто има проблем.
Благодарам за одговорите. :-)

тој што ти го кажа тоа, да му лупнеш една заушка... како може високо квалификуван мајстор да рече дека Е НОРМАЛНО ДА ДУВА ОД КАЈ ШИПКАТА ЗА МЕРАЧ НА МАСЛО, притоа да истресе некаков муабет за картер дека бил поинаков... картерот е колектор на маслото пред да го повлече пумпата.. картерот има нај основна дејност да биде собирач односно резервоар за масло... никаква врска нема тоа  со обликот и изгледот на него... мислам, мајстор кога ке ми рече такво нешто, одма го множам со 0 неговиот мајсторлак...

моторот од кај шипката за масло, може да дува од повеќе причини кои начелно се категоризираат како ДЕФЕКТИ.. еден од тие дефекти е компресија... може да биде и друго нешто, ете ти пишале погоре...
www.kano.com.mk
www.parno.com.mk
www.kanosistemi.com.mk
www.evtinogreenje.com.mk
https://www.facebook.com/kano.eko.sistemi
кликни на било кој, нема да утнеш, сите водат на исто место, во исто време

Отсутен VladeFF

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 83
Одг:
« Одговори #10 на: 28 Март 2016, 21:56:36 pm »
Да, во ред, мене тоа ми е многу добро јасно за тоа каков е картерот и неговата намена. Тоа погоре беше одговор на мајстор (локален мајстор, не во Макпетрол). Иначе по комплетна проверка во овластен сервис, испадна дека се е во ред со моторот. Инаку да, вентилот за контрола на маслени пареи може треба да се прочисти, но ништо страшно не е.