Втората по ред изложба на олдтајмери во Кавадарци ќе се одржи на 14 септември, сабота, во центарот на градот и учество ќе земат над 50 класични автомобили и моторцикли. Да ги потсетиме постарите како некогаш изгледале нашите улици, а помладите да ги запознаеме со мал дел од автомобилската историја на овие простори. Да побудиме спомени од првото седнување зад воланот, да побудиме спомени од првото семејно возило и семејните патувања и да споделиме некоја анегдота од минатото.
За таа цел, Ве поканувам на втората по ред годишна Изложба на олдтајмери - „Тиквешки Гроздобер Кавадарци 2013“ која ќе се одржи на улица Илинденска во центарот на Кавадарци на 14.09.2013.
Заедно ќе ги разгледаме сите возила, и заедно ќе ги избериме најдобрите на изложбата!
Учеството е бесплатно, а се што треба е да се пријавите на 070 239 423 или kavadarci2013@gmail.com и притоа да оставите Ваши лични податоци и податоци за Вашиот олдтајмер.
Покровители на настанот се Општина Кавадарци и Кожувчанка и Синалко - Кавадарци.
Срдечен поздрав,
Ташев Митко - организатор на изложбата
Слики од минатогодишната изложба:






Повеќе слики:
http://s402.photobucket.com/user/Maverick_Raptor/media/Izlozba%20na%20oltdajmeri%20Kavadarci%202012/Slika4_zps8f4c40a4.jpg.html