Да, може сосем убаво да се работи на него офис апликации и под Windows 7 и под Windows 8 на FullHD Монитор. За тоа нема збор. Пушта филмови во и во FullHD резолуција но зависно со кој кодек работи. Значи HD и FullHD зависно од тоа каква е снимката. Има и видеа кои ги сецка нормално.
Има 2Gb RAM DDR3 за лаптоп, сурфањето е без проблеми, сосем нормално како и офис апликации. Скајп на цел екран е супер, богати сајтови со флеш анимации исто така се супер. Има две јадра + хајпертрединг на 1.8GHz. Тој процесор и не е така тапа како што е single core Atom-от. Кого го интересира може да го земе и да проба.