Тоа се само примери, но не и дефинирање на разликата меѓу „не ми се свиѓа“ и „ружно е“.
Еве да пробам јас: ружно е она што не им се свиѓа на повеќето луѓе. Па така, разликата меѓу „не ми се свиѓа“ и „ружно е“ е што првиот исказ се однесува на вкусот на еден човек, а другиот на вкусот на повеќе луѓе.
Како ви личи мојот несмасен обид да ја дефинирам разликата меѓу „не ми се свиѓа“ и „ружно е“? Мене лично не ми се свиѓа, да се разбереме: има проблем. Kритериумот за „убаво“ и „ружно“ е ad popullum. На истиот начин може да се покаже дека Цеца е подобра музика од Balanescu Quartet, пошто за цеца миљон луѓе ќе кажат супер е, а истите тие за BC ќе кажат „што се овие дрн дрн глупости бе“.
Така да ако имате друг предлог како да ги разликуваме „не ми се свиѓа“ и „ружно е“ - пукајте. Многу сум заинтересиран да чујам. Зошто? Затоа што мислам дека разлика нема, т.е. дека „не ми се свиѓа“ и „ружно е“ кажуваат едно те исто. „Ружно“ не е интристично својство на колата како боја или коњажа, „ружно“ секогаш се однесува на некого, т.е. мора да има некој на кој што му е ружно.