И кај мене има опција да се префрли на бензин од одреден обрт па нагоре. Единствено е оставена опцијта на вбризугвање на бензин при премногу големи интервали на отварање на дизните, а тоа се моменти кога даваш нагло гас при висок обрт или слично, т.е. при претицање или на угорница кога враќаш степен подоле и даваш пуна. При тоа по неколку секунди, кога оптоварувањето ќе се намали, т.е. ќе се стабилизира работата на моторот, потрошувачката на бензин е исклучена. Со еден од вработените во плимонт ја тестиравме на автопат со компјутер. До 190km/h при умерено-агресивно забрзување (цедење до 5500rpm) на право (обиконица кај Арачиново) нема потрошувачка на бензин. Ако ја држиш на 190 троши само плин. Со нагло притискање на гаста потоа, почнува да се уфрла и бензин, но занемарливи количини (5~10%). Така да, на 210km/h троши и занемарлива количина на бензин.
Во принцип, јас колата ја возам релативно агресивно. Во просек на 150 литри плин трошам по 7.5 литри бензин. Тој бензин се троши најмногу за палење на моторот, не верувам дека повеќе од 2.5 литри се потрошени при вожња.