Одлична варијанта е Google Voice. Од Америка во Америка е бесплатно, а од секаде кон Америка е 1 цент/минута.
На Денде му треба начин да врти КОН мобилен и/или фиксен во Америка, тоа да биде со прифатлива цена и (претпоставувам дека ова е навистина важно, бидејќи треба да комуницира со компании) да нема никаков проблем со квалитет на повикот, паднати повици итн. Претпоставувам дека не му е битно ОД што ќе врти, дали од компјутер, дали од смартфоун..
Сале, не ги извртувај моите реченици. Јас немам „средношколски констатации“, и не зборував за квалитет на повик, туку реков дека целата прича околу бесплатни повици (и сите тие апликации кои ги нудат тие „бесплатни“ повици) ми е крајно неозбилна. Ништо не е бесплатно, нешто може да биде поефтино, али сигурно не е бесплатно. Ако ништо друго, ќе ти се сервира некоја реклама во форма на банерче.
Нејсе, за реални и важни повици го препорачувам Скајп, од лично искуство.