Автор Тема: OPCOM уред за дијагностика на Опелови возила  (Прочитано 5524 пати)

Отсутен djidji

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10557
Купив OPCOM чисто од мерак нели, да се занимава човек у слободно време (ако го има), да ја пратам работата на возилото, менувам некои параметри доколку сметам дека е потребно и евентуално испрограмирам нешто, мада специјалните функции се плашам да ги користам пошто уште појма немам што и како оди и така натаму.
Барам некое подетално упатство за ОPCOM, па ако некој има би го замолил да ми пушти линк исто како и за некоја саглам софтверска верзија.
Овој е V1.45 и работам со стариот фирмвер, пошто ми рекоа дека подобро работи од новиот, мада можам кога сакам да направам апдејт. Е сега овој уред кога се зема потребно е прво да се активира, за да може да го препознае интерфејсот. Истиот го активирав, интерфејсот го препознава, АМА со подобрите софвери (полските) интерфејсот прекинува, а ECU-то не го препознава. Затоа работа со Chinese Clone верзијата од 08/2010 и тука си работи коректно, освен што не ми дозволува доста функции (аир бег на пример и многу други). Незнам со колку релиња е внатре (8 ли беа) ???
ОК, ги сега за сега само читам и бришам грешки :) ELM327 не ги пронаоѓа (имам и таков), ама овој ги наоѓа и објаснува во кој дел е грешката, едино што ја незнаејќи, место прво да ја видам целата листа со исчитани грешки и снимам репортот, јас директно ги избришав. ;D
Е сеа што е интересно... интересно е тоа што ни Tech2 не можеше да прочита некои грешки и оние единици кои можев да ги видам во скриеното мени (а треба да се нули) ги снема и таман се израдував, едната единица пак се јави - што укажува на фактот дека некој сензор се активира кога не е потребно. По повторно читање на грешките, не јавува грешка, но ја брише единицата кое пак ќе се појави по кратко време и ме нервира пошто неможам да најдам упатство за колата (четворка на пример на првото место во BUS редот се појавува кога притискаш кочница, АМА кога ќе ја отпуштиш, повторно треба да биде 0).
Трета работа ми е, каде се подетално опишани параметрите кои треба да ги очекувам...некој линк и од тоа?
Сакам да замолам оние кои работат со овој уред, вклучувајќи го и marsher, нормално да ми даде подетални информации, а и другите да ги споделат своите искуства со овој, иако ефтин - сепак моќен автодијагностички уред.
Ајде Опелаши, истакнете се :D

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34097
  • Таков е животот... јебига
Одг: Re: OPCOM уред за дијагностика на Опелови возила
« Одговори #1 на: 24 Август 2013, 13:28:42 pm »
Iam eden francuski kluc visok vo Opelot ako sakas da ti go dadam...  ;D

Отсутен Alfista

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1492
Одг: OPCOM уред за дијагностика на Опелови возила
« Одговори #2 на: 24 Август 2013, 13:52:00 pm »
Imalo nekoj Ruski forum za dijagnostika, am ne go znam linkot ???

Отсутен marsher

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3177
    • smchiptuning
Одг: OPCOM уред за дијагностика на Опелови возила
« Одговори #3 на: 24 Август 2013, 15:06:50 pm »
marsher слабо го користи opcom-от,најчесто за брза дијагностика,читање на грешки,бидеќи во една ситуација ме чинеше 7000 денари,за погрешно дадени параметри на еден сензор, а на една Астра Х како твојата,после комуникацијата почна да ја врти километражата како џекпот,коса ми се крена на глава ....после исклучувањето се си дојде на место...има оригинален opcom,ама цената не му е смешна...
И уште еден  интересенподаток,откако почнаа да се купуваат Opcomi  и слични уреди,повеќе заработувам на дијагностика и исправање на погрешни работи...
Со здравје и среќа да си го користиш....

Отсутен onak

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 15993
  • сељаторе ин ил селандроре!!
    • КАНО еко системи
Одг: OPCOM уред за дијагностика на Опелови возила
« Одговори #4 на: 25 Август 2013, 02:11:16 am »
е ако де... и ти треба од нешто да живееш... лебот на маса (и ферарито у гаража) мора да се спечалат некако :)
www.kano.com.mk
www.parno.com.mk
www.kanosistemi.com.mk
www.evtinogreenje.com.mk
https://www.facebook.com/kano.eko.sistemi
кликни на било кој, нема да утнеш, сите водат на исто место, во исто време

Отсутен marsher

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3177
    • smchiptuning
Одг: OPCOM уред за дијагностика на Опелови возила
« Одговори #5 на: 25 Август 2013, 08:10:50 am »
е ако де... и ти треба од нешто да живееш... лебот на маса (и ферарито у гаража) мора да се спечалат некако :)

Од твоја тастатура во божји монитор..... ;D

Кој како сака нека го свати..мое е отворено и искрено да предупредам на некои работи,поготово што Џиџи го сметам првенствено за пријател...

Отсутен djidji

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10557
Одг: OPCOM уред за дијагностика на Опелови возила
« Одговори #6 на: 25 Август 2013, 13:12:23 pm »
Не бе лутење, па ти ... ;D Си играм онака, не чачкам ништо, иначе знам за случката :D али пак фала за предупредувањето  8)
Сакав од 081016, да се пребацам на 090820b. Загалавив со hewwin-от. Не можам да го исчитам активацискиот број od RAM-oт на примарната меморија, за да направам апгрејд, ама бе мора, доволно е само за грешки да служи ;)
Иначе ми јавува две грешки кои се јавуваат пак по некој ден од бришењето, а ја перфекциониста... :) :

Number of stored fault codes: 2

B3114 - Remote-Key 1 Not Synchronized
(00)  - Not present

B3646 - Steering Wheel Scroll Wheel Right Circuit Resistance Range/Performance
(08)  - Not present


Отсутен marsher

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3177
    • smchiptuning
Одг: OPCOM уред за дијагностика на Опелови возила
« Одговори #7 на: 25 Август 2013, 16:34:06 pm »
Имаш проблем со далечинското..? Ако немаш игнорирај ја грешката и избриши ја. На Tech2, обично кажува дали да се игнорира грешката,која не е стална и присутна или е повремена...на opcom,не знам...не ми е доминантен и доверлив ....
За втората ќе треба да погледнам подобро, не е многу честа ....
Е сега тоа перфекционист... ;D....не треба многу потресување....што помалку се потресуваш ,колата подобро ќе те служи... ;D

Отсутен djidji

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10557
Одг: OPCOM уред за дијагностика на Опелови возила
« Одговори #8 на: 25 Август 2013, 16:43:12 pm »
Хахаха у право си!
Иначе немам никакви проблеми - се си функционира како саат, ова OP-COM-ов лаже, мамицу му ... Направено за мајстори, ќе ти отчита грешки, овој му ги брише, принта репорти и терај :)
За другата грешка, изгледа се јавува после recall-от кој беше за CIM-от на Астра Х моделите, поврзан со сирената. Интересно е што се појавува единица на BUS на дисплејот во Hidden менито, на втората позиција, а треба да е 0. Исто се дешаваше и на ACK местото, а по бришење на грешките не се појави.
Не треба да се потресувам, така е, на виденд сум у викендица и за време пауза (на работата никад крај) се релаксирам со чудово, ама го баталив до даљнег :). Ти работеше со ОP-COM China Clone -  08/2010 ?

Отсутен marsher

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3177
    • smchiptuning
Одг: OPCOM уред за дијагностика на Опелови возила
« Одговори #9 на: 25 Август 2013, 19:51:31 pm »
Имаше една серија рикол за цимовите, да не е и твојата од тие...

Отсутен djidji

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10557
Одг: OPCOM уред за дијагностика на Опелови возила
« Одговори #10 на: 25 Август 2013, 19:57:39 pm »
Не знам, не ме известиле... Мојата е:

Source Address: CIM
Source Address: 0x00000245
Identifier: 0x010A
VIN: W0L0AHL4882163567
System name: VALEO A3300 CIM
Hardware number:13276157
Part Number:13276157
Software version number: M:10.62 S:01.00A
System description: VALEO0400
Hardware key number:  60KZHL  
Programming Date: FFFFFFFF
Alpha code: яяя
Manufacturing date: 20080328
Code Index and version: яяя яя

Number of stored fault codes: 2

B3114 - Remote-Key 1 Not Synchronized
(00)  - Not present

B3646 - Steering Wheel Scroll Wheel Right Circuit Resistance Range/Performance
(08)  - Not present

Можеш да провериш? Ако те мрзи кажи само каде да проверам, можда ќе најдам и други recall :D

Отсутен marsher

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3177
    • smchiptuning
Одг: OPCOM уред за дијагностика на Опелови возила
« Одговори #11 на: 25 Август 2013, 21:11:24 pm »
А има ли некакви проблеми во функционирањето, на копчињата на воланот..?

Отсутен Ogi88

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1148
Одг: OPCOM уред за дијагностика на Опелови возила
« Одговори #12 на: 25 Август 2013, 21:15:07 pm »
Маршер кај нас имаше ли рикол за ЦИМ-от?
Пошо има другар што му се сјеба мн брзо цимот и на сервис само нешто чепнале и работеше некулку дена и после пак иста приказна.

Отсутен marsher

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3177
    • smchiptuning
Одг: OPCOM уред за дијагностика на Опелови возила
« Одговори #13 на: 25 Август 2013, 22:10:10 pm »
Информациите ги добивам од странски овластен сервис, за нашите не можам да потврдам,меѓутоа кога се испраќа рикол, овластените сервиси треба да проверат дали има возила од тие што се засегнати што тие ги продале...и нормално да ги повикаат...кога се работи за посериозни проблеми уште од централата на опел испитуваат кај кои дилери се испратени засегнатите возила и добиваат писмо за повикување на муштериите,кое само треба да го преведат и им се испорачуваат соодветни делови за поправка.

Отсутен djidji

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10557
Одг: OPCOM уред за дијагностика на Опелови возила
« Одговори #14 на: 25 Август 2013, 23:31:01 pm »
А има ли некакви проблеми во функционирањето, на копчињата на воланот..?

Не, колку можам да приметам се работи перфектно.