Јас користам HID одприлика 2 години, и од почеток менував трафо на 5-6 месеци, заради горенаведените проблеми. Но со последниот сет нарачав и релеј и додатни кабли со кои струјата ја земам од акумулатор и одтогаш немам никаков проблем. Инаку сијаличка немам сменето до сега. Што се однесува до бојата јас користам 6000К и можам да кажам дека таа е бела со мала нијанса на сино, додека 4300К е жолта со нијанса на бело, така да тоа е прашање на вкус, само во никој случај поголемо од 6000К. Што се однесува на прашањето дали би им пречело на другите возачи, најпаметно е да си нарачаш H7R сијалици кои се наменети за рефлетор куќиште. Разликата од обичните H7 и H7R е во црната боја со која е обоен предниот дел на сијаличката и кој спречува блиштење. И јас користам H7R и можам да кажам дека формира линија исто како кај прожектор фаровите. Во некои западно-европски земји само овој тип на сијалички поминува МОТ (или технички кај нас), па затоа мисли и за понатаму, доколку ја затегнат работава.