Сигурно е така google, ти верувам пошто знам дека тоа ти е бранша. Ја зборам чисто од моја електро „конзервативна“ бранша и имам искуство посебно со специјални типови на сијалици без UV блок, како и Деутериумски УВ сијалици, халогени сијалици (кварцни) и тн. нe е важно-поентата ми беше, работат на спектрофотометри каде промената на напонот од само 0,1 волт игра улога при калкулацијата на резултатот, значи у мојава 16 год. пракса проблем со горење на сијалици сум имал при користење на неквалитетни сијалици, сијалици со (не) деклариран број на работни часови, сијалици кои сум ги фатил со рака (ради маснотиите доаѓа до прегревање), лошо заземјување или лоша маса, механички потреси, нестабилен извор на напојување, лоши контакти, лоша изолација на кабелот и тн. Најголем дел се дигитално контролирани, посекако заради малата толеранција на излезната аналогна напонска вредност. Немам искуство конкретно со Ситроен и Пежо контролните единици, но сметам дека преку еден Solid Relay State (наместо класичните контактни релеа, каде прелазниот отпор е честа појава) ќе се реши и тој проблем, претпоставувајќи нормално дека производителот претходно во пресметките се погрижил да ја задоволи излезната снага со стабилен напон и добро дисипација. btw сијалиците секогаш подолго траат кога се приклучени на наизменичен напон, но заради спецификата на целиот систем во глобала, изведбата на електро-инсталацијата кај колите е таква каква што е. Како и да е, ќе повторам-сигурно си у право за тоа што го збориш, ама мора и за тоа да има некој накнаден сервис bulletin ...