Патишта,
И јас сум ти го кажал истото што и Веле...а верувам дека и мнозинството го дели и го множи нашето мислење само што не ти го плеснале така другарски во фаца. Ние имаме кренато раце да се објаснуваме на тема „мотори со внатрешно согорување и нивни карактеристки“ со тебе, но не иритира тоа што во секоја ебана дискусија мора да малтретираш со истата, досадна и одамна препеана песна за твојата љубов кон дизел агрегатите. Па така, наместо да водиме конструктивни дискусии и/или заебанции за некоја нова и интересна тема, ние овде се тупиме да ти укажеме дека звучиш досадно како расипана грамафонска плоча со дизел муабетот.
И ова, иако јавно е пишано, свати го најпријателски. Ако успееш да ја пронајдеш суштината и да го смениш твојот однос кон дискусиите, верувај дека ќе бидеш многу по-омилен меѓу читателите и дискутантите на форумов.
Што се однесува до Веле, тоа е едно такво шегобијно шрумфче, што секој би посакал да се шегува со него...па макар и кога шегите се исклучително на негова сметка. Исто така е многу духовит, т.е. дома во визбата чува многу духови. Затоа има постојани стравови, а посебно од духот на „мајсторот“.