Сигурно во предходните постови некаде е обајснето, ама многу страници се за читање, па ако може некој накратко совет да даде. Се работи за фар со лупа, со халогена Х7 сијалица, која свети жолто, а околу неа дневните светла се бели лед. Каква сијалица да се стави наместо халогената Х7, да свети бело, ама нормално и да осветлува подобро од таа што е сега, некоја препорака, цена ако знаете, и дали би имало проблем на фарот, нешто слушнав поголема температура создавале, можело да го уништи фарот итн.