Автор Тема: ford focus mk2  (Прочитано 2342 пати)

Отсутен stef_stef

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 303
ford focus mk2
« на: 20 Август 2013, 17:09:00 pm »
Здраво дечки,

му ја мислам веќе некое подолго време за кола, но фокусов ми прави најмногу мерак. Конкретно гледав 1.6 дизел со 90 коња.

Некој искуство со колата? :)

Отсутен Goran

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 94
Одг: ford focus mk2
« Одговори #1 на: 23 Август 2013, 08:46:51 am »
Јас го имам возено баш тој модел, од 2005-та година. Удобна кола, и низ град и на отворено.

Моторот е некако тромав додека да уклучи турбото, така што низ град вожњата е досадна. Ако не ти значи тоа, купувај, а ако сакаш брз старт на семафор, батали.
Потрошувачката низ град беше нешто над 6, и тоа зборам за релации аеродром - карпош, низ гужвата. На отворено, кој како вози :)

Проблеми нема со колата, единствено што не го биваше беше отварањето на хаубата, некако „на гурање“ се отвара, со примена на сила, а сум чул дека и на други коли ова било случај.

Друго не знам што да ти кажам :)

Отсутен stef_stef

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 303
Одг: ford focus mk2
« Одговори #2 на: 23 Август 2013, 19:05:47 pm »
На тест вожња го иам и јас зимано, имам пријател што го има. Но релативно нов му е, па нема што да се пожали.

Што се однесува до моторот, знам дека не е како 100+ коња, но за потребите и не ми треба појак. За автопат некаде 4, 4ипол троши на 120.

Ако има некој од форумов што вози ваков фокус, би било супер да сподели искуство

Отсутен mmm121

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3799
  • Ford Focus MKI 1.6 & MKII 1.4
Одг: Re: ford focus mk2
« Одговори #3 на: 23 Август 2013, 19:10:37 pm »
Јас возам таков фокус ама бензинец. Ако те интересира нешто прашувај

Отсутен stef_stef

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 303
Одг: ford focus mk2
« Одговори #4 на: 23 Август 2013, 19:17:23 pm »
Јас возам таков фокус ама бензинец. Ако те интересира нешто прашувај

Со кој мотор ти е бензинецот? :)

Отсутен mmm121

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3799
  • Ford Focus MKI 1.6 & MKII 1.4
Одг: ford focus mk2
« Одговори #5 на: 23 Август 2013, 20:18:51 pm »
1.4, моторот е слаб тоа сигурно го знаеш. А каросериски колата е добра, добро држи во кривини, плаче за 2.0 тдци. Ако имаш можност да бираш барај нешто појако.

Отсутен stef_stef

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 303
Одг: ford focus mk2
« Одговори #6 на: 23 Август 2013, 22:23:33 pm »
1.4, моторот е слаб тоа сигурно го знаеш. А каросериски колата е добра, добро држи во кривини, плаче за 2.0 тдци. Ако имаш можност да бираш барај нешто појако.

Ауу, тој ептен е тромав :)

Дизелот со 90 кс и не е толку лош. Ќе побарам ако има да пробам 1.6 со 110 или 1.8 дизел.