Јас го имам возено баш тој модел, од 2005-та година. Удобна кола, и низ град и на отворено.
Моторот е некако тромав додека да уклучи турбото, така што низ град вожњата е досадна. Ако не ти значи тоа, купувај, а ако сакаш брз старт на семафор, батали.
Потрошувачката низ град беше нешто над 6, и тоа зборам за релации аеродром - карпош, низ гужвата. На отворено, кој како вози

Проблеми нема со колата, единствено што не го биваше беше отварањето на хаубата, некако „на гурање“ се отвара, со примена на сила, а сум чул дека и на други коли ова било случај.
Друго не знам што да ти кажам
