Иако е генерална дискусија за коли, сакам да споделиме мислења ...
Имено, утрово купив некои работи на ибеј, со пејпал, 2 успеав да платам, за третиот производ ми беше одбиена трансакцијата.. Се посомневав дека е ради словенскиот пејпал, ама акаунтот на пејпал си работи беспрекорно ...
Пробав директно да префрлам пари од пејпал на пејпал акаунт, ама ми рече дека има проблем со картичката со која е врзан пејпал и да ја контактирам банката издавач ...
откако свртев 4 телефони, на крај, конечно добив една културна госпоѓа на телефон и и објаснив дека ми се одбиваат трансакциите од Виза Електрон, со образложение да ја контактирам банката издавач ...
И објаснив што е проблемот, го кажав бројот на картичката, таа ја провери мојата куповна историја, и ми даде образложение дека нивниот терминал ми ги блокира трансакциите, оти се сомнева за можна злоупотреба само заради фактот дека Ip-ата од кои биле извршени плаќања доааѓаат од Италија и Англија ...
Службениот интернет доаѓа од Италија, оној што го имам надвор од работа е од Англија, дека и 2-та се сателитски ...
Реков, во ред, дали може јас да ги авторизирам трансакциите по телефон, оти сите трансакции што ги наброја беа извршени лично од моја страна, нели, како што е пракса во останатиот дел од светот, културно ми одговори дека НЕ може... па дојдете лично ... Викам би дошол, да не бев у Авганистан(овде изгледа мислеше дека ја шалтам) ..
Викам, какво е решението на проблемот сега?
Па вие и понатака обидувајте се да извршите трансакција, но постои слаба веројантост за такво нешто....
Практично ми рече, ние иако ви издаваме картичка за интернет плаќање, сепак не може да платите со истата ...
Доколку заглавите на терминалот, оставените сте сами на себе ... Ми иде да ја изедам картичката за ручек, мора да барам CIB за да извршам плаќање од 15 долари ...
Дали некој друг го имал проблемов, и колку време беше потребно само по себе да се реши/поправи оваа ситуација?