Автор Тема: Камери за во кола (dash cam)  (Прочитано 55505 пати)

Отсутен krell

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1809
Одг: Камери за во кола (dash cam)
« Одговори #45 на: 27 Март 2014, 10:41:01 am »
Треба дефинитивно да се провери ова, бидејќи со значението што се придава на Законот За Заштита На Лични Податоци, снимањето е веќе цврсто регулирано, поготово ако снимаш нечива приватност.

http://www.dzlp.mk/sq/temi_3_kont

"Согласно Законот за заштита на личните податоци, субјектот на личните податоци треба да биде информиран кога податоците се обработуваат за него. Според тоа, објектите што се под видео надзор треба да истакне известувања дека се под видео надзор. Известувањето треба да биде јасно, поставено на видливо место и истакнато на начин што ќе им овозможи на субјектите на личните податоци да се запознаат дека се врши видео надзор. Известувањето треба да содржи информации дека се врши видео надзор, за тоа кој го врши видео надзорот (називот на контролорот), начинот на кој може да се добијат информации за тоа каде и колку време се чуваат снимките од системот за видео надзор.

Контролорот може да врши видео надзор само на просторот кој е доволен за исполнување на целите за кои е поставен. Тоа значи дека ако се поставува видео надзор заради заштита на сопственоста или контрола над влегувањето и излегувањето од службените или деловните простории целта ќе се постигне со поставување на камерите само на влезовите од објектот, а не и во ходниците, салите за состаноци, канцелариите, предавалните, холовите и сл. Секогаш кога се поставува видео надзорот треба да се почитува правото на приватност на вработените, клиентите, учениците, студентите, пациентите, купувачите и останатите категории на субјекти на лични податоци. Препорака од Дирекцијата за заштита на личните податоци е до сите контролори кои имаат намера да постават видео надзор да побараат мислење од Дирекцијата дали бројот на камерите и местата каде ќе се поставува видео надзорот е доволен за исполнување на целта за која е поставен истиот."



Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54985
  • Махер
Одг: Камери за во кола (dash cam)
« Одговори #46 на: 27 Март 2014, 10:44:15 am »
Приватно снимање како физичко лице е различно од правен видео надзор.

Отсутен krell

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1809
Одг: Камери за во кола (dash cam)
« Одговори #47 на: 27 Март 2014, 10:50:49 am »
Треба да се провери.

http://www.uvmk.gov.mk/files/zakoni/ZZLP_Precisten%20tekst.pdf


Не можам да најдам никаде дека овој закон важи исклучиво за правни лица. Мене ми личи дека важи за сите и дека физичките лица не се одземени од истиот.

Да не важеше за физички лица, лесно ќе се прекршуваше законот, вадејќи се дека снимањето било во функција на физичко лице. Така да јас би бил внимателен со користење на ваквите камери.

Ако некој мене ми ја загрози приватноста снимајќи ме, дефинитивно ќе го искористам тоа на суд.

Исто како што и не смее да се снима телефонски разговор, без јасно да му се посочи на соговорникот.


Еве само во кој случај не важи законот

"Одредбите од членовите 6, 7, 11, 12, 13, 14, 16 и од 22 до 36 на овој закон
нема да се применуваат врз обработката на личните податоци што се врши
единствено за:
 - литературниот и уметничкиот израз и
 - професионалното новинарство во согласност со етичките правила на оваа
професија."


Отсутен Van

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5290
  • VW Golf MK3 1.9 TDI
Одг: Камери за во кола (dash cam)
« Одговори #48 на: 27 Март 2014, 10:54:16 am »
Eбате законите нелогични и неправедни. Делумно сме криви и ние самите, пошто ништо не правиме за менување на таквите закони. Посебно сега е време за такви барања, избори се ближат. Граѓанска иницијатива би можела да собере потписи (макар онлајн) и да поднесе писма до порелевантните кандидати за парламентарни (можеби и претседателски) кандидати на претстојните избори. Со малку притисок, некој од кандидатите ќе вклучат вакви измени во програмите.

Среќа што нашиве клошари сеуште се немаат научено да сценираат сообраќајки, со или без автомобили. Ќе земе некоја будала ќе ти се фрли под тркала и скоро по автоматизам ти си крив, си возел пребрзо чим не си можел да застанеш. Или ќе ти се врати некој идиот намерно во рикверц и ќе те удри, пак автоматски ти си крив пошто секогаш на удар одзади крив е тој што е позади (теоретски можеби не со сосема, но практично да).

Во вакви случаи да не се земе во предвид снимка од HD камера е тотално имбецилно, тие закони мора да се менуваат. Макар нека донесат некои регулации за инсталации на камерите и нивно „запечатување„ од некои државни институции (па макар и со плаќање давачки).
Заштита на приватност треба да има -да, ама дома и на приватен имот. На улици и на јавни места, нема приватност, барем не кога се работи за докажување на невиност во судски процес.


Отсутен krell

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1809
Одг: Камери за во кола (dash cam)
« Одговори #49 на: 27 Март 2014, 10:56:52 am »
Мене па воопшто не ми се свиѓа да може било кој да те снима, било каде.

Мислам дека е помала негативноста од тоа тоа што не се зема во обзир снимка, одколку можноста за злоупотреба со снимката. (Можност за монтажа, разни психопати што може да изиграва воајер и слично...)

Кој сака да снима, нек се снима у спална :) или на одмор, ама се дури не загрозува туѓа приватност


Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54985
  • Махер
Одг: Камери за во кола (dash cam)
« Одговори #50 на: 27 Март 2014, 11:06:19 am »
Во ниеден случај имање на видео снимка од некое збиднување неможе да е негативна работа. Конкретно ако е во твоја полза.

Снимање со камера може во одредени услови да спадне во прекршок. Прекршок при снимање може да настане ако не е истакнат знак дека се снима, но за тоа ќе одлучи судот. Прекршок е далеку помал проблем од кривична постапка.

Проблемот во овој случај не е самото снимање. А и да е, е небитно. Важниот дел е дали снимката би била прифатена од судот како доказ. А тоа зависи од многу фактори.

Отсутен DarthJe5us

  • Авиону, сломићу ти крила..
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 20114
Одг: Камери за во кола (dash cam)
« Одговори #51 на: 27 Март 2014, 11:06:55 am »
Каде да одам да поднесам тужба затоа што ме гледаат луѓе надвор?

Отсутен Van

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5290
  • VW Golf MK3 1.9 TDI
Одг: Камери за во кола (dash cam)
« Одговори #52 на: 27 Март 2014, 11:14:44 am »
Во принцип и јас сум за приватност, ама снимање сообраќај, судари и (сценирани) несреќи со пешаци не е нарушување на приватност. Не зборуваме за објавување на снимките на некој медиум на интернет, туку за нивно презентирање пред судот како доказ.

Монтажа на снимка е можно да се утврди со анализа на одделните фрејмови. Посебно на HD снимка полесно се гледаат и професионални манипулации.
Како и да е, прва работа на џандарите е да го проверат мотивот. Кој мотив имаш ти како снимач, да имаш спремна снимка (со датум и време) за да го наместиш некој рандом џанки дека намерно ти се фрлил пред автомобил (и веднаш да го презентираш тоа на првиот џандар на местото на настанот? Од друга страна кој мотив го има тој другиот во удесот?
Дали е воопшто можно да измотираш видео за неколку минути пред да дојде полицијата?

Од другата страна на медаљата... немам ништо против мене во сообраќај да ме снима некој друг, со цел да се добие снимка за судски доказ. Плус на улица немам намера да правам работи што ги правам во спалната соба.  ;)
Од аспект на приватност, нас и сега не снимаат од камерите по раскрсниците и од објекти со видео надзор. Проблемот е што за да можеш да ги употребиш тие извори на докази, мораш да имаш дебели врски.

Отсутен krell

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1809
Одг: Камери за во кола (dash cam)
« Одговори #53 на: 27 Март 2014, 11:19:11 am »
Каде да одам да поднесам тужба затоа што ме гледаат луѓе надвор?

Разликата од снимање и гледање е , што снимањето се меморира на медиум, кој може да се дистрибуира, монтира и слично.


Така да, ќе те разочарам. Не можеш да поднесеш тужба никаде за гледање, освен ако не сметаш дека некој те загрозува со тоа. Ако сметаш дека си загрозен од тоа што некој те гледа, пријави во полициската станица на твојата општина.

А ако те интересира каде да пријавиш што некој те снима и ти ја загрозува приватноста, исто ќе ти посочам до која институција и на кој начин да пријавиш.




Отсутен DarthJe5us

  • Авиону, сломићу ти крила..
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 20114
Одг: Камери за во кола (dash cam)
« Одговори #54 на: 27 Март 2014, 11:22:36 am »
Ми гледа внатре во колата. Ми ја нарушува приватноста. Итн. ;D

Отсутен krell

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1809
Одг: Камери за во кола (dash cam)
« Одговори #55 на: 27 Март 2014, 11:23:47 am »
Во принцип и јас сум за приватност, ама снимање сообраќај, судари и (сценирани) несреќи со пешаци не е нарушување на приватност. Не зборуваме за објавување на снимките на некој медиум на интернет, туку за нивно презентирање пред судот како доказ.

Монтажа на снимка е можно да се утврди со анализа на одделните фрејмови. Посебно на HD снимка полесно се гледаат и професионални манипулации.
Како и да е, прва работа на џандарите е да го проверат мотивот. Кој мотив имаш ти како снимач, да имаш спремна снимка (со датум и време) за да го наместиш некој рандом џанки дека намерно ти се фрлил пред автомобил (и веднаш да го презентираш тоа на првиот џандар на местото на настанот? Од друга страна кој мотив го има тој другиот во удесот?
Дали е воопшто можно да измотираш видео за неколку минути пред да дојде полицијата?

Од другата страна на медаљата... немам ништо против мене во сообраќај да ме снима некој друг, со цел да се добие снимка за судски доказ. Плус на улица немам намера да правам работи што ги правам во спалната соба.  ;)
Од аспект на приватност, нас и сега не снимаат од камерите по раскрсниците и од објекти со видео надзор. Проблемот е што за да можеш да ги употребиш тие извори на докази, мораш да имаш дебели врски.


Хм.. Пример.. Удрена ти е колата, и сакаш да наместиш некого дека он ти ја удрил.

Или си психопат и снимаш некого/некоја 24/7 или кога и да имаш можност.

Или си потенцијален лопов, и ме снимаш секој ден каде се движам и како, па правиш анализа на моите навики

Итн, итн..

Инаку факт дека не снимаат на секоја раскрсница, банка и слично.. Ама при таквите снимања има точно определни одговорни лица, начин на снимање, начин на чување на снимката, па ако дојде до злоуптреба, лесно ќе се најде кривецот....

Веројатно и како физичко лице, ако ги исполниш одредбите од законот ќе ти биде дозволено да снимаш....

Мене искрено ми се бендисува тој закон.. Па не може кој како да му текне да снима (на пример во згради има камери, каде што некој онака  те снима кога излегуваш од дома, кога си доаѓаш.. Не може тие снимки да се употребат за да се направи добар план да те опљачкаат? )


Има многу место за злоупотреба, така да јас го поздравувам законот за Заштита на Лични податоци.

 


Отсутен krell

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1809
Одг: Камери за во кола (dash cam)
« Одговори #56 на: 27 Март 2014, 11:25:45 am »
Ми гледа внатре во колата. Ми ја нарушува приватноста. Итн. ;D

Ако сметаш дека "гледање" во твоето возило е нарушување на приватноста Пријави го..

 Во првата полициска станица во твојата општина.

Само разлика со снимање е што при снимање тоа се документира на медиум, со можност за понатамошна дистрибуција и слично...

"За штета која на субјектот на лични податоци му е причинета со обработка на
лични податоци или со друга активност, извршени спротивно од одредбите на
овој закон, одговара контролорот, освен ако докаже дека штетата не настанала
по негова вина.
Субјектот на лични податоци правото на надоместок на претрпена штета
причинета со обработка на личните податоци или со друга активност, извршени
спротивно од одредбите на овој закон, го остварува со поднесување на тужба
за надоместок на штета до надлежниот суд.
"

Отсутен krell

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1809
Одг: Камери за во кола (dash cam)
« Одговори #57 на: 27 Март 2014, 11:49:44 am »
Еве и колку и за што би е казнило физичкото лице:

Ова е само казна за дел од прекршување на законот. Лицето чии лични податоци биле загрозени, може да си тужи плус од ова

Член 49-а
Глоба во износ од 900 евра во денарска противвредност ќе се изрече за
прекршок на физичко лице – контролор, ако:
1) податоците не ги собира за конкретни, јасни и со закон утврдени цели и
ги обработува на начин кој не е во согласност со тие цели (член 5 став 1 алинеја 2);
2) ги чува личните податоци во форма што овозможува идентификација на
субјектот на личните податоци, подолго од што е потребно да се исполнат целите
  30
поради кои податоците се собрани за натамошна обработка (член 5 став 1 алинеја
5);
3) кога по истекот на рокот за чување личните податоци се обработуваат за
други цели, освен за научни, историски и статистички цели (член 5 став 2);
4) при употребата на личните податоци не го почитува правото на заштита
на приватноста, личниот и семејниот живот на субјектот на лични податоци од
нивна неовластена употреба и во најкраток можен рок податоците нема да ги
направи анонимни (член 5 став 3);
5) обработката на личните податоци ја врши без постоење на законска
основа наведена во членот 6 на овој закон;
6) обработува лични податоци што се однесуваат на кривични дела и
изречени казни, алтернативни мерки и мерки на безбедност спротивно на членот 7
од овој закон;
7) врши обработка на посебните категории на лични податоци без изречна
согласност од субјектот на личните податоци (член 8 став 2 алинеја 1);
8) врши обработка на посебните категории на лични податоци, а тоа не е
потребно за целите утврдени во член 8 став 2 алинеи 2 и 3 од овој закон;
9) обработката не се спроведува во рамките на работењето на установи,
здруженија или кои било други непрофитни организации заради политичка,
филозофска, верска, синдикална или друга цел или ако обработката на податоците
не се однесува исклучиво на нивните членови и тие податоци бидат откриени на
трети лица без согласност на субјектот на лични податоци (член 8 став 2 алинеја 4);
10) врши обработка на посебните категории на лични податоци кои субјектот
на лични податоци не ги објавил јавно (член 8 став 2 алинеја 5);
11) матичниот број на граѓанинот го обработува спротивно на условите
утврдени со член 9 на овој закон;
12) лицата кои добиле овластување за вршење обработка на личните
податоци нема да ги запознае со начелата за заштита на лични податоци пред
нивниот пристап до личните податоци (член 24);
13) обработката на податоците од член 29 на овој закон се врши без
претходно добиено одобрение од страна на Дирекцијата (член 29);
14) овозможи пренос на лични податоци во друга држава, а притоа другата
држава не обезбедила соодветен степен на заштита на лични податоци (член 31) и
  31
15) изврши пренос на лични податоци во друга држава ако не се исполнети
условите за исклучоците предвидени во членот 33 од овој закон.

Отсутен AllMightyMe

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7056
Одг: Камери за во кола (dash cam)
« Одговори #58 на: 27 Март 2014, 14:18:57 pm »
Јас искрено не гледам зошто би му загрозувал нечива приватност со тоа што сум ја снимил сообраќајната незгода (било моја или туѓа) Јас не му го снимам домот, јас не му снимам во внатрешноста на колата. Иако кај нас има пракса да не се признаваат ваквите работи (поради Х причини) не гледам логика во тоа. Едноставно, постои вештак кој може да ја докаже автентичноста и некорумпираноста на снимката. А ако не ми ја прифати судот, а згора на тоа јас бидам оштетен не гледам ниедна причина зошто таа снимка (веќе обработена со заматено лице, регистрација и глас) да не биде објавена низ сите портали, форуми, јутуб итн ... заедно со пресудата (која е веќе јавна со иницијали) за „праведната“ држава.

Отсутен Van

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5290
  • VW Golf MK3 1.9 TDI
Одг: Камери за во кола (dash cam)
« Одговори #59 на: 27 Март 2014, 14:25:36 pm »
Хм.. Пример.. Удрена ти е колата, и сакаш да наместиш некого дека он ти ја удрил.

Или си психопат и снимаш некого/некоја 24/7 или кога и да имаш можност.

Или си потенцијален лопов, и ме снимаш секој ден каде се движам и како, па правиш анализа на моите навики

Итн, итн..

Инаку факт дека не снимаат на секоја раскрсница, банка и слично.. Ама при таквите снимања има точно определни одговорни лица, начин на снимање, начин на чување на снимката, па ако дојде до злоуптреба, лесно ќе се најде кривецот....

Веројатно и како физичко лице, ако ги исполниш одредбите од законот ќе ти биде дозволено да снимаш....

Мене искрено ми се бендисува тој закон.. Па не може кој како да му текне да снима (на пример во згради има камери, каде што некој онака  те снима кога излегуваш од дома, кога си доаѓаш.. Не може тие снимки да се употребат за да се направи добар план да те опљачкаат? )


Има многу место за злоупотреба, така да јас го поздравувам законот за Заштита на Лични податоци.

Нели треба прво да дефинираме што точно се „лични податоци„. Имам пред неколку месеци листано делови од овој закон, и мислам дека многу нејасно беше што и во која ситуација потпаѓа во категорија лични податоци.

Второ, заштитата е од објавување и злоупотреба на тие податоци. Ова е клучно, намената на податоците е важна исто како што е важно и овластувањето за снимање.
Пример, телевизиски екипи снимаат на улица и видео снимките ги објавуваат на телевизија, која е јавен медиум.
- Повреда на лични податоци? Секако не.
Друг пример, секс во сопствен дом, со неспуштени завеси или ролетни. Ако некој од надвор направи снимка од ова, и го објави... дали е направена повреда на лични податоци?

Само сакам да ги диверзифицирам намените на снимените податоци. Поимот на употреба на снимка заради докажување невиност во судски процес не го гледам како злоупотреба. Злоупотреба би било модифицирањето на тие податоци, што всушност е фалсификување на лични податоци. Ваквата злоупотреба би ја одредувал соодветен вештак од судот.
Од аспект на личните права: На крајот на краиштата автомобилот е моја сопственост и јас имам право да ја си снимам мојата хауба!  ;)

Инаку за можностите за злупотреби наведени погоре, не гледам како во реалност би исценирал ситуација каде ќе намонтираш снимка во која изгледа дека некој сака да те намести дека си го удрил со кола.
Што добиваш? Да направиш ситуација каде ќе удриш некој а да испадне дека не си го удрил?
Ако си го повредил човекот, снимката не ти вреди.
Но ако тој симулира повреда, снимката е показател за ситауцијата. Во оваа конкретна ситауција не гледам можност за злоупотреба од снимањето.

Eве практичен пример, што би можел власникот на автомобилот да добие со местење на ситуацијава?