Еве и колку и за што би е казнило физичкото лице:
Ова е само казна за дел од прекршување на законот. Лицето чии лични податоци биле загрозени, може да си тужи плус од ова
Член 49-а
Глоба во износ од 900 евра во денарска противвредност ќе се изрече за
прекршок на физичко лице – контролор, ако:
1) податоците не ги собира за конкретни, јасни и со закон утврдени цели и
ги обработува на начин кој не е во согласност со тие цели (член 5 став 1 алинеја 2);
2) ги чува личните податоци во форма што овозможува идентификација на
субјектот на личните податоци, подолго од што е потребно да се исполнат целите
30
поради кои податоците се собрани за натамошна обработка (член 5 став 1 алинеја
5);
3) кога по истекот на рокот за чување личните податоци се обработуваат за
други цели, освен за научни, историски и статистички цели (член 5 став 2);
4) при употребата на личните податоци не го почитува правото на заштита
на приватноста, личниот и семејниот живот на субјектот на лични податоци од
нивна неовластена употреба и во најкраток можен рок податоците нема да ги
направи анонимни (член 5 став 3);
5) обработката на личните податоци ја врши без постоење на законска
основа наведена во членот 6 на овој закон;
6) обработува лични податоци што се однесуваат на кривични дела и
изречени казни, алтернативни мерки и мерки на безбедност спротивно на членот 7
од овој закон;
7) врши обработка на посебните категории на лични податоци без изречна
согласност од субјектот на личните податоци (член 8 став 2 алинеја 1);
врши обработка на посебните категории на лични податоци, а тоа не е
потребно за целите утврдени во член 8 став 2 алинеи 2 и 3 од овој закон;
9) обработката не се спроведува во рамките на работењето на установи,
здруженија или кои било други непрофитни организации заради политичка,
филозофска, верска, синдикална или друга цел или ако обработката на податоците
не се однесува исклучиво на нивните членови и тие податоци бидат откриени на
трети лица без согласност на субјектот на лични податоци (член 8 став 2 алинеја 4);
10) врши обработка на посебните категории на лични податоци кои субјектот
на лични податоци не ги објавил јавно (член 8 став 2 алинеја 5);
11) матичниот број на граѓанинот го обработува спротивно на условите
утврдени со член 9 на овој закон;
12) лицата кои добиле овластување за вршење обработка на личните
податоци нема да ги запознае со начелата за заштита на лични податоци пред
нивниот пристап до личните податоци (член 24);
13) обработката на податоците од член 29 на овој закон се врши без
претходно добиено одобрение од страна на Дирекцијата (член 29);
14) овозможи пренос на лични податоци во друга држава, а притоа другата
држава не обезбедила соодветен степен на заштита на лични податоци (член 31) и
31
15) изврши пренос на лични податоци во друга држава ако не се исполнети
условите за исклучоците предвидени во членот 33 од овој закон.