Не дека којзнае колку ме имаат застанувано, ама кога беа локдауните/полициските часвои редовно ме застануваа. За камерата никој никогаш ништо не прашал сите овие години.
едит:
Инаку чисто логички - фиксните помалку упаѓаат во очи ако на некој тоа му е важно. „Нефиксните“ треба да импровизираш каде и како ќе ги поставуваш, нема да се нафатиш да извадиш кабле од светлото горе туку ќе влечеш од слотот за упаљачот, итн, упаѓа во очи... Не дека некој нешто ќе ти каже, освен можеби ако се налета на некој џандар што го чита форумов.
За на точак си има гоу-про (и клонови) наменски камери за тоа, истата може и на кацига за мотор да се стави... И таквите камери имаат батерии. Камери за во кола најдобро е да се без батерии, наместо нив да има поголем електролитски кондензатор. Причината е топлината и рикнувањето на литуимјонските батерии на топло и ладно што е дифолт за температура во ауто, ладно во зима и жешко во лето (со достигнување над 80с на сонце)... Како што знае секој што заборавил телефон во ауто оставено на сонце.
Кондензатор наместо батерија значи - забораваш на проблеми со батерија во камерата. Моделите со батерии редовно им требаат замени по одреден период.
Нешто што ќе мораш да се сетиш да го земеш пред да влезеш во ауто, да го вклучуваш, да го местиш, да го пушташ, итн, итн... На крај неминовно ќе испадне дека се поретко ќе се пушта таа камера и следствено дека нема да снима баш кога (скраја-да-е) најмногу ќе затреба. Од друга страна со наменска камера за во кола, еднаш ја местиш и забораваш на неа но ако (скраја-да-е) затреба ќе имаш снимка.
Пример, ете пред недела дена ми истрча куче на автопат. Не знам ако се десеше нешто лошо колку ќе ми значеше снимката, ама мисламд ека подобро е да ја имам отколку да ја немам...
https://streamable.com/rygw18