Sozdravje da go trkalas italijanecot i mnogu bezgrizni kilometri so nego i da te sluzi bez nikakov problem..
E sea bidejki i ja sum taze puntas i prv pat vo moj zivot vozam italijance ajde kazuj
potrosnja
delovi so kako
foliite kolku % se i dali se atest
bandascinjava golemina i dali se fabricki i takvi nekoj sitnurii
kade se servisira ...
Делови купувам од Аутомобиле, скапи се ама имам голем попуст таму па затоа. Менував сега брзо плочки и свеќици. Масло Селениа му ставам. Се оригинално што си користи колата. Сервисот за промена на уље ми го прави едно другарче на канал, филтри за полен сам си менувам и такви ситници.
Освен плочки и свеќици колку што ме држи сеќавање, друг дел и немам купено.
Дур беше под гаранција ми ја заверуваа книшката во Аутомобиле, после тоа баталив.
Бандажите се Фиат фабрички 14-ки, дојдоа со Пирели 185/60, ги извозев 40,000 км, сега брзо ставив Мишелин.
Троши по борд компјутер 6.5 - 7 максимум, во зима горе доле едно литро плус. Имам мерено, бордот е точен како саат. Исто така приметив дека од кога ставив Мишелинки, потрошувачката падна на едно пола литар сигурно.
Фолиите се 50% и се со атест.
Е имам еден голем проблем со бојата.
Пред две години наеднаш почна да пука лакот на хауба и на кров во вид на мали кругови.
Ептен ме нервираше тоа, ме убедуваа во Аутомобиле дека е од измет од птици, не им верував затоа што на ниедна друга кола немам видено како кај мене па решив и ми ја префарбаа хаубата. Кровот не.
Сега пак иста песна. На кровот почна се повеќе да се шири а хаубата е катастрофа, има огромен круг и неколку помали кругчиња. Се мислам пак дали да фарбам ама што фајде ако пак ми се случи истото по трет пат.