Автор Тема: Fiat Punto 1.2 8v  (Прочитано 5948 пати)

Отсутен Ducky

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 247
Fiat Punto 1.2 8v
« на: 18 Август 2013, 13:43:24 pm »
Да се претставам :)
Фиат Пунто, 2008 год, прв газда. Го купив ново во Аутомобиле Ск. До сега изминати 50,000 км
Му фали малку моќ ама тоа е. Кога купував нова кола сакав да биде мало но не премногу мало градско количе кое ќе троши таман и ќе биде ефтино за одржување. Задоволен од претходните Фиат Брава и Алфа 145, изборот падна на уште еден Италијанец.
Дефинитивно почнувам да размислувам за поголем и помоќен автомобил но не се брзам.
 
Првата година имав само проблем со сервото кое го заменија додека беше под гаранција.
Друго освен потрошен материјал и редовен сервис, немам ништо сменето.
Генерално, презадоволен.







« Последно менување: 18 Август 2013, 17:13:47 pm Ducky »

Отсутен Боби Л.

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1273
  • I live my life a quarter mile at a time...
Одг: Fiat Punto 1.2 8v
« Одговори #1 на: 18 Август 2013, 14:36:45 pm »
Добре дојде и создравје да се вози количето прекрасно е
Пс:Многу километри :D
https://www.youtube.com/watch?v=-Lc9QZqITc4
Брзината не е опасна,туку будалата шo седи зад воланот :)

Присутен Zile

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7833
  • Плинаш!!!
Одг: Fiat Punto 1.2 8v
« Одговори #2 на: 18 Август 2013, 15:04:18 pm »
Ајде нека се множат итаљани. Со здравје да си го возиш, и да продолжи така да те служи.

Отсутен Vlatce-Vectra

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5654
Одг: Fiat Punto 1.2 8v
« Одговори #3 на: 18 Август 2013, 15:37:54 pm »
Sozdravje da go trkalas italijanecot i mnogu bezgrizni kilometri so nego i da te sluzi bez nikakov problem..
E sea bidejki i ja sum taze puntas i prv pat vo moj zivot vozam italijance ajde  kazuj
potrosnja
delovi so kako
foliite kolku % se i dali se atest
bandascinjava  golemina i dali se fabricki i takvi nekoj sitnurii
kade se servisira ...

Отсутен Knight_

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1267
Одг: Fiat Punto 1.2 8v
« Одговори #4 на: 18 Август 2013, 15:47:41 pm »
Уште еден италијанец, со здравје да се вози :)


Отсутен Ducky

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 247
Fiat Punto 1.2 8v
« Одговори #5 на: 18 Август 2013, 16:18:42 pm »
Sozdravje da go trkalas italijanecot i mnogu bezgrizni kilometri so nego i da te sluzi bez nikakov problem..
E sea bidejki i ja sum taze puntas i prv pat vo moj zivot vozam italijance ajde  kazuj
potrosnja
delovi so kako
foliite kolku % se i dali se atest
bandascinjava  golemina i dali se fabricki i takvi nekoj sitnurii
kade se servisira ...
Делови купувам од Аутомобиле, скапи се ама имам голем попуст таму па затоа. Менував сега брзо плочки и свеќици. Масло Селениа му ставам. Се оригинално што си користи колата. Сервисот за промена на уље ми го прави едно другарче на канал, филтри за полен сам си менувам и такви ситници.
Освен плочки и свеќици колку што ме држи сеќавање, друг дел и немам купено.
Дур беше под гаранција ми ја заверуваа книшката во Аутомобиле, после тоа баталив.
Бандажите се Фиат фабрички 14-ки, дојдоа со Пирели 185/60, ги извозев 40,000 км, сега брзо ставив Мишелин.
Троши по борд компјутер 6.5 - 7 максимум, во зима горе доле едно литро плус. Имам мерено, бордот е точен како саат. Исто така приметив дека од кога ставив Мишелинки, потрошувачката падна на едно пола литар сигурно.
Фолиите се 50% и се со атест.

Е имам еден голем проблем со бојата.
Пред две години наеднаш почна да пука лакот на хауба и на кров во вид на мали кругови.
Ептен ме нервираше тоа, ме убедуваа во Аутомобиле дека е од измет од птици, не им верував затоа што на ниедна друга кола немам видено како кај мене па решив и ми ја префарбаа хаубата. Кровот не.
Сега пак иста песна. На кровот почна се повеќе да се шири а хаубата е катастрофа, има огромен круг и неколку помали кругчиња. Се мислам пак дали да фарбам ама што фајде ако пак ми се случи истото по трет пат.

Отсутен Vlatce-Vectra

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5654
Одг: Fiat Punto 1.2 8v
« Одговори #6 на: 18 Август 2013, 16:26:05 pm »
abe toa ako e  ispukano na fabrickata boja  ke reces deka imalo nekakov problem so bojata ali ti cim si prefarbal i povtorno ti puka ne kje da e od  kvalitetot na bojata..
kade zivees dane imas do tebe nekoja fabrika nekakov odzak so ispusta  nekoj gluposti pa da ti ja nagrizuva bojata ???
a zastitena e so lak taka ?? da probas daja ispoliras i daja zastitis so vosok ???

foliite se 50%  + so imas zatemneti fabricki stakla kako uspea da pomines  tehnicki ???

Отсутен Ducky

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 247
Одг: Fiat Punto 1.2 8v
« Одговори #7 на: 18 Август 2013, 16:33:48 pm »
Не бе, нема врска, на ниедна кола до сега тоа не ми се случило. Еве и комшиите возат коли, никој нема таков проблем. Инаку во нас. Лисиче сум. Се ставам на мисла за измет од птици, ама пак ќе речам, старите коли и птици и шо не ги пројде, пак си беа стакло.
Ги глеам и други пунтовци како моето, никаде немам забележано кај некој слична работа.

Стаклата фабрички не се затемнети ич. Позади е дозволено 75% напред 30%. Поминав на а-тест со малку врски :)

Отсутен Knight_

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1267
Одг: Fiat Punto 1.2 8v
« Одговори #8 на: 18 Август 2013, 16:58:10 pm »
И кај мене е падната малку бојата на кровот скроз позади на вратата од гепекот а имам видено во пинтија пунто исто како мојата боја на кровот цела боја му паднала и другар еднаш кога го виде моето кажа дека него така му се праело на пунто кец. Најверојатно не им чини бојата.

Отсутен Ducky

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 247
Одг: Fiat Punto 1.2 8v
« Одговори #9 на: 18 Август 2013, 17:03:40 pm »
И кај мене е падната малку бојата на кровот скроз позади на вратата од гепекот а имам видено во пинтија пунто исто како мојата боја на кровот цела боја му паднала и другар еднаш кога го виде моето кажа дека него така му се праело на пунто кец. Најверојатно не им чини бојата.
Ако не ти е тешко, направи една фотка кај што е падната бојата да видам, многу ме интересира.

Отсутен Knight_

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1267
Одг: Fiat Punto 1.2 8v
« Одговори #10 на: 18 Август 2013, 18:07:00 pm »

Отсутен nsx-r

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 9213
Одг: Fiat Punto 1.2 8v
« Одговори #11 на: 18 Август 2013, 20:58:23 pm »
сите пунтовци имаат слаба боја,нека не ве загрижува тоа,решение само редовно да се мачка со восок

Отсутен Ducky

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 247
Одг: Fiat Punto 1.2 8v
« Одговори #12 на: 19 Август 2013, 12:43:58 pm »
Еве како е кај мене, исто како кај Knight_
Не ми се фарба по втор пат ама страшно ме нервира и по се изгледа дека ќе морам. После тоа ќе земам некој убав восок и редовно ќе ја мачкам. Ваљда ќе помогне и нема да се случи истото по трет пат.




Отсутен MaNDiL

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 356
Одг: Fiat Punto 1.2 8v
« Одговори #13 на: 19 Август 2013, 12:49:21 pm »
сите пунтовци имаат слаба боја,нека не ве загрижува тоа,решение само редовно да се мачка со восок
Немаат сите пунтовци слаба боја. Мојата е супер , а се кладам дека капка восок нема видено 13 години пред да ја купам јас
You can sleep in your car, but you can't race your house.

Отсутен MaNDiL

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 356
Одг: Fiat Punto 1.2 8v
« Одговори #14 на: 19 Август 2013, 12:53:02 pm »
Убаво ти е пунтово, туку дај да фатиме врски за a-тест на фолии :)
You can sleep in your car, but you can't race your house.