Имав слична случка пред неполни два месеци... Мојата кола е дизел, што е голема разлика од твојот случај, ама колку можам да ти помогнам преку моето искуство. При промена на ламела и потисна додека го монтирал менувачот маалскиот мајстор не приметил дека фатил жица од сензорот на радилица. Бидејќи мајсторот кој ми ја одржува колата беше презафатен тој период, цената за да ми бидат променети веднаш без да знам многу за човекот што ќе ми чепка низ кола ја платив со дополнителни нервози. Како и кај тебе фрлаше црн чад, што не се случувало претходно, се јави некое тропање и не сакаше да повлече, т.е. едвај работеше. Ја однесов кај друг мајстор, тој виде дека е до жицата, ја изолираше и колата си работеше како пред промената. Бев изненаден колку може да смени само една жица во работата на моторот (на момент помислив дека ќе треба да се отвара, ама ми текна дека не може така одеднаш да откаже). Сепак провери да не е пак нешто околу жицата, да не фрлаш безпотребно пари.