Автор Тема: Голф 5 2.0 ТДИ - проблем топло палење  (Прочитано 6780 пати)

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34097
  • Таков е животот... јебига
Одг: Голф 5 2.0 ТДИ - проблем топло палење
« Одговори #15 на: 28 Август 2013, 14:03:00 pm »
50 евра? Тоа треба да се поправа во гарантен рок оти очигледно е пропуст на произведителот (освен ако не се чепкани нешто мапите).

Отсутен darko mk5

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3600
    • http://forum.carclub.mk/index.php/topic,7477.0.html
Одг: Голф 5 2.0 ТДИ - проблем топло палење
« Одговори #16 на: 28 Август 2013, 16:06:25 pm »
garanten rok na petka e odavna pominat :) a za restart na kompjuter u porse ne veruvam deka kje mu zemat 50 evra :) ako ja servisira tamu i ako e samo softverski problem kje projde najevtino, so edno fala :) ma da ne veruvam deka ova e softverski problem. Vaka mi praese zx-ot i otkako se smeni senzorot za temperatura nema muka. drugarche najubavo otidi si u porse/mitrevski/ kolevski, onamu kade sekoj den im doagjaat po 20 mk5 na servis, ili pak ako ova e cesta pojava kje ti kazat telefonski bez nikakov problem.

______________________________________
Code: MK1 Project: http://forum.carclub.mk/index.php/topic,10578.0.html

Отсутен Bugar

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5710
  • Почесен кинез.
Одг: Голф 5 2.0 ТДИ - проблем топло палење
« Одговори #17 на: 28 Август 2013, 16:46:07 pm »
moze treba da se pipne softverot. No dijagnostika kaj svesen majstor ke zavrsi rabota.

Отсутен stig

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 933
Одг: Голф 5 2.0 ТДИ - проблем топло палење
« Одговори #18 на: 28 Август 2013, 17:38:01 pm »
Не е пропуст на производителот ништо, проблемот се појавува кога ќе ослабне акумулаторот или алансерот. Во мапите за гориво има ставено праг од 250 вртежи на температура на мотор над 60-70 степени кога ќе почне да застарува акумулаторот или ако се поистрошени четкиците на алансерот тој праг од 250 вртежи моторот потешко го постигнува и затоа му треба малку вртење на моторот дури да пушти компјутерот гориво. За да се реши тој проблем треба или да се модифицираат мапите во компјутерот значи да се тргне прагот од 250 вртежи и да се направи да пушта гориво од 0 вртежи или да се реши проблемот со алансерот или акумулаторот.

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34097
  • Таков е животот... јебига
Одг: Голф 5 2.0 ТДИ - проблем топло палење
« Одговори #19 на: 28 Август 2013, 19:29:08 pm »
Ама он не спомнува дека ослабнато вергла моторот, туку дека подолго вергла отколку кога е ладен. Логично би било ако е тоа што ти велиш да се случува кога моторот е ладен а не кога е топол и акумулаторот е поднаполнет... нели?

Отсутен stig

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 933
Одг: Голф 5 2.0 ТДИ - проблем топло палење
« Одговори #20 на: 28 Август 2013, 21:16:18 pm »
Тоа не можеш да забележиш колку е ослабнат тој вергла мада не доволно и може да се види на дијагностика колку вртежи има во тој момент. Проблемот го нема на ладен мотор заради тоа што тој праг од 250 вртежи тогаш не постои го има само на температури над 60-70 степени на моторот.

Отсутен Filip_90

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1839
  • VW Golf 5 1.9 TDI
Одг: Голф 5 2.0 ТДИ - проблем топло палење
« Одговори #21 на: 28 Август 2013, 21:18:06 pm »
За да се реши тој проблем треба или да се модифицираат мапите во компјутерот значи да се тргне прагот од 250 вртежи и да се направи да пушта гориво од 0 вртежи или да се реши проблемот со алансерот или акумулаторот.
Токму така!
Прагот е 280 вртежи, односно на помалку вртежи не пумпа потопната пумпа. Јас си ставив подобар акумулатор и се реши проблемот. Сега еден електричар од колевски, кој воедно ми е роднина треба да ми го подсреди алансерот бидејки бил ослабнат. Негде прочитав дека кај моделите со понова година почнале да вградуваат алансери од 2 kw наместо 1.7 и така го решиле проблемот.
Инаку и софтверски може да се реши, т.е да ти ја превчитаат мапата како што кажа стиг.

@Falangasaurus многу е мала разликата во бројот на вртежи помеѓу ладен и мнооогу топол мотор, така да неможеш да приметиш на друг начин освен да отидеш во сервис (еве колевски) со доста загреана кола и таму да видат на компјутер колку вртежи прави алансерот
« Последно менување: 28 Август 2013, 22:34:47 pm Filip_90 »

Присутен SaleSk

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6130
  • 69
Одг: Голф 5 2.0 ТДИ - проблем топло палење
« Одговори #22 на: 28 Август 2013, 21:39:42 pm »
Мене ме интересира еден факт кој беше кажан за алнасерот и со кој воопшто не се слагам:

или ако се поистрошени четкиците на алансерот тој праг од 250 вртежи моторот потешко го постигнува

Каква врска има тоа дали четкиците се со должина од 1,5 цм, 1 цм или 0,5 цм???
Муабетов ти е = на...Ако во резервоарот имаш 20 литра гориво, нема да можеш да постигнеш максимална брзина, а ако ти е полн има да ја постигнеш!!!

Не е пропуст на производителот ништо, проблемот се појавува кога ќе ослабне акумулаторот или алансерот. Во мапите за гориво има ставено праг од 250 вртежи на температура на мотор над 60-70 степени кога ќе почне да застарува акумулаторот моторот потешко го постигнува и затоа му треба малку вртење на моторот дури да пушти компјутерот гориво. За да се реши тој проблем треба или да се модифицираат мапите во компјутерот значи да се тргне прагот од 250 вртежи и да се направи да пушта гориво од 0 вртежи или да се реши проблемот со алансерот или акумулаторот.
Со ова се слагам, да...
Ова е реален муабет...
Тој претходниот нема врска...
Единствено нешто кое што може да влијае на исправноста на алнасерот со бројот на вртежи се лагерите, односно ѓубре кое може да го оспорува вртењето, нешто како кочница би му дошло, а четкиците остваруваат само контакт и ништо повеќе...Тие или имаат или немаат контакт...Трето нема...
Dusevno bolniot covek nikogas ne napagja bez pricina.Po toa se razlikuva od normalnite ludje.

Отсутен marsher

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3177
    • smchiptuning
Одг: Голф 5 2.0 ТДИ - проблем топло палење
« Одговори #23 на: 28 Август 2013, 21:55:29 pm »
Еве ја оригиналната мапа....



Отсутен stig

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 933
Одг: Голф 5 2.0 ТДИ - проблем топло палење
« Одговори #24 на: 28 Август 2013, 21:58:03 pm »
Има многу голема врска какви се четкиците последно пред 3 дена му сменив четкици на 2.0 тди голф 5 сега пали без никаков проблем и топол и ладен. Моето објаснување на ова е со самото тоа што се истрошени четкиците федерите помалку ги притискаат на роторот па така се јавува варничење помеѓу четкицата и површината кај што допира и ја губи снагата. Поновите Фолксвагени имаат четкици кои се направени од графит и се трошат доста брзо, целта на ова е да се намали бучавоста на алансерот при верглање.
Поточно ова е проблематичниот дел

Присутен SaleSk

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6130
  • 69
Одг: Голф 5 2.0 ТДИ - проблем топло палење
« Одговори #25 на: 28 Август 2013, 22:07:36 pm »
Тоа што ти го кажуваш со варничењето не се јавува од притисокот на четкицата со контактот од роторот, него од истрошениот графит кој е наполнет помеѓу контактите на роторот. Тој тогаш знае да направи куса врска помеѓу два соседни контакти, па се јавува варничење...
И да точно е дека контактот е далеку полош кога федерот е помалку напрегнат, односно кога четкичката лошо притиска на контактот, но затоа постои граница на истрошеност...
Но јас ти тврдам дека брзината на вртење на алансерот нема никаква врска со контактите и тоа можам у секое време да ти го докажам.
А варничење веќе е неисправност, односно тоа е состојба кога алансерот или работи или не работи :) Односно работи повремено = неисправен...

Dusevno bolniot covek nikogas ne napagja bez pricina.Po toa se razlikuva od normalnite ludje.

Отсутен stig

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 933
Одг: Голф 5 2.0 ТДИ - проблем топло палење
« Одговори #26 на: 28 Август 2013, 22:13:13 pm »
Нема потреба мене ништо да ми докажуваш, немав за цел да мудрувам тука и да се докажувам со некој ако има некој проблем со топол старт нека се јави ќе си плати ќе му го средам па дали јас ќе му монтирам трифазен електромотор наместо алансер или четкици ќе сменам моја работа. ;)

Присутен SaleSk

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6130
  • 69
Одг: Голф 5 2.0 ТДИ - проблем топло палење
« Одговори #27 на: 28 Август 2013, 22:41:34 pm »
Нема врска, јас не сваќам дека се докажуваме него си правиме муабет. Нема потреба за љутење ако нешто не е логично или не се знае, односно причина ради која нешто се случува...

Dusevno bolniot covek nikogas ne napagja bez pricina.Po toa se razlikuva od normalnite ludje.

Отсутен Leon-cist

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 778
  • .
Одг: Голф 5 2.0 ТДИ - проблем топло палење
« Одговори #28 на: 28 Август 2013, 23:26:59 pm »
Не е пропуст на производителот ништо, проблемот се појавува кога ќе ослабне акумулаторот или алансерот. Во мапите за гориво има ставено праг од 250 вртежи на температура на мотор над 60-70 степени кога ќе почне да застарува акумулаторот или ако се поистрошени четкиците на алансерот тој праг од 250 вртежи моторот потешко го постигнува и затоа му треба малку вртење на моторот дури да пушти компјутерот гориво. За да се реши тој проблем треба или да се модифицираат мапите во компјутерот значи да се тргне прагот од 250 вртежи и да се направи да пушта гориво од 0 вртежи или да се реши проблемот со алансерот или акумулаторот.
tocno taka e ...
ili remapiranje na fajlot da pusta gorivo vo pomalku vrtezi na alanserot, ili tehnicki da se proveri alanserot i cetkicite isto i akumulatorot
VW MK-7 (1.6 тди)