Се надевам дека ќе ви се допадни
браво Carpathian Lord!
аиии тема за хоби
aj кога више почнавте...
мене хоби ми е музика. секаква, само да е добра. од народно, преку забавно, техно-мехно па се до оригиналната љубов класичната музика :-)
не сум вичен во ниту еден инструмент, а на скоро сите знам да свирам (освен дувачки, труба не совладав никад, а се трудев. многу тежок инструмент за свирење, си бара посебна техника! ја мислев само дуваш и свири - кур мој, цела наука е тоа!)
Порано (до пред неколку години) бев активен хорски и соло бас-баритон пејач. Едно време пеев во три хора одеднаш (хорот при мпц, хорот на фму и уште еден аматерски хор). хајлајт: соло настап во германскиот рајхстаг со дело од Чесноков, во публика Герхард Шредер со пола германска влада. Добив награда за тој настап :-)
Уште од средно свирам бас во разни опскурни и тотално непознати бендови. Пред некоја година си купив 5 жична активна бас гитара (washburn force 5) иста ко басистот на пинк флојд. My pride possesion.
Имам пеено пратечи вокали на многу забавни и народни остварувања. Хајлајтс: концерт на Калиопи и снимање во м2 + настап на фолк фест валандово 2003 со Сузана Спасовска :-) (аиии бок те мазо 10 год поминале, мене ко вчера ми се чини!)
До пред некое време бев активен и на техно-мехно сцената. Многу свирки и онадења :-) по разни клубови ширум мк. Хајлатс: „предгрупа“ на првиот концерт на Кирил Џајковски во Скопје, во мкц, како и „предгрупа“ на Тревор Ротклиф (еден од пионерите на детроитската техно сцена) на саем - публика околу 10.000 луѓе!
Имам мало функционално дигитално аудио студио, со убер-скап микрофон (кошта колку половна кола) во акустички истретирана просторија. Од заебанција имам снимено аудио за неколку тв и радио реклами. Исто така, кај мене се снимени неколку фолк песни од разни изведувачи (ги привлекувам со симболична, ниска цена, а истовремено компетитивен квалитет!)
Посебен фетиш ми се акапела интерпретации на познати класични дела. Сеа нешто eкспериментирам, а еден ден посериозно ќе се зафатам со тоа!
Ме викале повеќе пати да пеам народно по кафани и свадби, ама ја глуп не сум прифатил. Има камен у тоа!
Им ги имам подесувано компјутерите за аудио на повеќето познати фаци од поп и фолк сцената во мк. :-)
Последно нешто што имам сработено е ремикс на „Ти давам се“ од Tамара Тодевска, ама сеуште не го нашол патот до етерот (не притискам ко што ме советуваат да притискам, пошто ме боли кур, од ќеф го праев, не ми е целта да се пушта)
https://soundcloud.com/filip-vidinovski/tamara-ti-davam-jas-se-finтака да тоа е моето главно хоби... музика. имам и други, ама ова ми е главното